Емилија Розман по незгодата на „Заливот на коските“ во Охрид: „Скршив 11 ребра, паднав од 7 метри“

„Се лизнав, имав пад од околу 7 метра и искршив 11 ребра. Притоа ми беше оштетен и белиот дроб и бев во најбрз можен рок префрлена во Скопје. Жал ми е што многу од Вас давате коментари од типот на: Ааххх сè ќе направите за лајк и мајка ѝ ја барала таму... Но, имам и прекрасни луѓе и буквално денес учам пак да одам и вриштам од болки, а бликам од среќа...“ - Емилија Розман им ги затвори устите на сите по незгодата кај „Заливот на коските“. 

emilija-rozman-po-nezgodata-na-zalivot-na-koskite-vo-ohrid-skrshiv-11-rebra-padnav-od-7-metri-1.jpg

Во саботата поранешната македонска мисица Емилија Розман имаше незгода кај „Заливот на коските“ во околината на Охрид. 

Според соопштението на СВР Охрид, таа наводно при фотографирање до метална ограда, паднала и се повредила, односно како што појаснува, скршила 11 ребра, а имала повреда и на белите дробови. 

Во целосното соопштение од СВР Охрид стои:

„На 06.07.2024 година во 21.40 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, Е.Р.(32) од Скопје, при фотографирање до металната ограда на паркингот кај туристичкиот комплекс „Залив на коски“ во близина на охридското село Пештани, паднала и се здобила со тешки телесни повреди. Таа, со возило на Итната медицинска помош е пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде е задржана на понатамошно лекување“.

emilija-rozman-po-nezgodata-na-zalivot-na-koskite-vo-ohrid-skrshiv-11-rebra-padnav-od-7-metri-04_copy.jpg

Таа потоа објави фотографии од болница на кои јаде суши, а по социјалните мрежи, oсвен коментари за грижа од блиските, добиваше и невкусни и негативни коментари за целата ситуација.

emilija-rozman-po-nezgodata-na-zalivot-na-koskite-vo-ohrid-skrshiv-11-rebra-padnav-od-7-metri-02.jpg

Сега, Емилија реши да стави крај на гласините, но и да им одржи лекција на сите оние кои на нејзината мака си смислуваат приказни и пишуваат несоодветни коментари, иако не се запознаени со приказната.

Розман открива дека и покрај хејтерите и злобните личности, во оваа ситуација сфатила дека покрај неа има и многу прекрасни личности кои се грижат за неа, а тоа ѝ дава сила да се избори и покрај болките кои ги има заради повредата. 

Нејзината подолга

?__cft__[0]=AZWZm9GEWL-DM2VUAwW51lyxZOFOXifi5rnr3rmH3Q79UOrfWOKXaI8Mt7fjufr3xfzAqbv95koEKMAMyYS-ATTJA632gJOg0kwE9TMGMfBskhlFNm_0edQLN6kdf-cvO6RHe25eGjA8Eg-MsUvhuCP84KGZzY3Q4kQUQeMgYtBXsA&__tn__=%2CO%2CP-R" target="_blank" rel="noopener">објава прочитајте ја во продолжение:

„Драги познати и непознати, затоа што не секој имал среќа како мене да биде воспитан и израснат во таква околина во која сме знаеле дека ако немаме нешто убаво да кажеме, треба да си молчиме, еве да Ви се обратам по повод мојата здравствена состојба.

И не го правам ова за сите душегрижници и дежурни хејтери на кои термините љубов, грижа и емпатија им се непознати, туку за сите прекрасни луѓе кои ме преплавија со толку многу љубов овие неколку дена, што час плачам од болки, час плачам од среќа што сум толку љубена.

Во саботата вечер имав незгода во Заливот на коските во Охрид при што се лизнав, што од моја несмасност, што од лоша проценка на простор, за конструкцијата на оградата не можам да коментирам затоа што не сум компетентна, при што имав пад од околу 7 метра и искршив 11 ребра.

Притоа ми беше оштетен и белиот дроб и бев во најбрз можен рок префрлена од болницата свети Еразмо на Торакална Хирургија во Скопје.

Не чувствувам потреба да се правдам некому зошто сум се сликала во болнички кревет, кој патем не се наоѓа во Вашиот двор, но поради тоа што имам голем број другари, пријатели, соработници и слично, најлесен начин да го објаснам моето неодговарање на повици е со една фотографија.

Жал ми е што многу од Вас ги користат социјалните мрежи само за креирање на лажна слика за Вашите „совршени“ животи, па сметам дека оттаму и Ви доаѓа потребата да давате коментари од типот на: Ааххх сè ќе направите за лајк и мајка и ја барала таму (иако тие сега ќе се слика за рендген јаки беа, браво за хуморот). Знам каде е мајка ми во секое време, како што знае и таа јас каде сум.

Ама еве нешто што не знам е како може да сте толку злобни, сите ли имате израснато во дисфункционални семејства без родителска љубов, па Ве храни смеењето на туѓи несреќи?

Немате ли видено ниедно совршено зајдисонце кое сте посакале да го фотографирате? Никогаш ли не сте го удриле малото прсте во ќошот од креветот? Не Ви паднало лепчето на намачканата страна?

Амааа… Кучињата ќе лаат, караванот ќе врви, Вие ќе си пишувате глупави коментари, а јас ќе го славам животот и втората шанса што Бог ми ја даде.

Не можам ни да Ви опишам колку сум среќна, каков прекрасен живот имам и какви луѓе во него, буквално денес учам пак да одам и вриштам од болки, а бликам од среќа, ама сум искрена и реална личност која не се крие зад екранот зад глупави коментари, туку си живее, макар била ружна и поминала покрај мисица, ама еве сега ќе викнам студио за убавина, бидејќи во болнички кревет не е важно здравјето, туку како изгледате.

Ај гитла таму, најдете си психијатар, земајте терапијата и одете учете емпатија и емоционална интелегинција“.

emilija-rozman-po-nezgodata-na-zalivot-na-koskite-vo-ohrid-skrshiv-11-rebra-padnav-od-7-metri-.jpg

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
„Детето ангел“ - Емотивни објави на родителите на Фросина Кулакова за нејзиниот роденден, денес ќе н... Трогателни зборови полни болка испратија Камелија и Тодор Кулакови на роденденот...
Миа Костова: „Верувам во Господ, вербата не е снимање крстови и миси во цркви - тоа е интима“ „Се каам за неколку работи кои не вклучуваат интервенции, на пример, некои тетов...
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Катарина Ивановска за светската кариера: „Не знаев ни да одам на штикли, на 17 години заминав сама в... „Не знаев ни да позирам, ни да одам на штикли, поим немав, влегов во нешто непоз...

Најчитани неделава