Првпат запеале заедно во 2009-та, денес се неразделни – Како настанало дуото Дац и Александар?

„На денешен ден, пред 15 години, Александар ја сними ’За век и векови‘. Во спотот глумеше и Драган Спасов Дац…“

prvpat-zapeale-zaedno-vo-2009-ta-denes-se-nerazdelni-kako-nastanalo-duoto-dac-i-aleksandar-01.jpg

Дац и Александар се едни од најомилените музички изведувачи во Македонија.

Откако го оформија дуото, имаа бројни настапи, а издадоа и неколку песни кои преку ноќ станаа хитови.

Но, дали знаете како воопшто настанал овој спој и дека првпат настапиле заедно уште во 2009 година?

Со видео на нивниот официјален Фејсбук профил, тие открија дека сè почнало кога Александар го снимал спотот за песната „За век и векови“, во кој глумел и Дац.

„На денешен ден, пред 15 години, Александар ја сними 'За век и векови'. Во спотот глумеше и Драган Спасов Дац.

Се снимаше 24 часа на кеј, во кубанскиот La Bodeguita Del Medio. За снимањето се направија и испија преку 1.000 мохита.

Глумеа нивните другари Пиже, Зеко, Љупа, Томче, Дракче, Куше, Рики…

Во спотот се појави и танчарски пар од Куба.

Направија журка на бродот Александрија во Охрид на 15 август 2009.

И тогаш за првпат запеаја заедно Дац и Александар, за после 10 години, Копров да ги спои на Охрид Фест 2019“, пишува во видеото.

prvpat-zapeale-zaedno-vo-2009-ta-denes-se-nerazdelni-kako-nastanalo-duoto-dac-i-aleksandar-02.jpg

„Ништо не е случајно во животот“, стои во описот на објавата.

Погледнете го видеото во продолжение:

Спирова С. | Црнобело

фото: Фејсбук, Инстаграм

Би можело да ве интересира:

Драган од Радовиш: „Поминаа 10 години откако дојдов во Шведска - знаев само 5-6 Македонци, но држава... „Денес... 10 години откако дојдов во Шведска. Искрено… поминаа како 10 дена. По ...
Александар Динев ја покажа куќата во с. Балинци каде израснал: „Немавме тоалет внатре, многу сакав с... Кога влезе во детската соба, каде што почнал да ги снима првите видеа за ТикТок,...
Александар Јосифовски, кој се прослави во Ѕвездите на Гранд, објави први фотки од ќерката - по разво... Нашиот рокер се разведе по 8 години брак, па убавата Србинка Ана му го освои срц...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Александар Митевски за спортската химна од Тоше: „Дојде од пат уморен, ја отпеа од прва и му се напр... „Токму денеска пред 18 години се роди песната „Македонија навива за вас“. Мелоди...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...

Најчитани неделава