Браво! За една недела собрани 1 милион денари за лекување на 3-годишниот Илин

За само една недела, хуманите Македонци собраа еден милион денари за да помогнат во лекувањето на 3-годишниот Илин кој има заболување на кожата и мора да се оперира бидејќи може да премине во меланом.

bravo-makedoncite-sobraa-1-milion-denari-za-lekuvanje-na-3-godishniot-ilin-01.jpg

Пред околу една недела, беше почната кампања за собирње пари за 3-годишниот Илин кој има заоблување на кожата, а кое може да премине во меланом.

На малото детенце веќе му биле направени две операции, но потребна е и трета, која чини 15.000 евра (околу еден милион денари).

Македонците уште еднаш ја покажаа својата хуманост и за една недела преку донации ги собраа потребните средства.

bravo-makedoncite-sobraa-1-milion-denari-za-lekuvanje-na-3-godishniot-ilin-03.jpg

Кампањата за донации беше отворена на веб-сајтот ECrowd:

„Малиот Илин има 3 години и роден е со невус (заболување на кожата што може да премине во меланом).

Досега се направени две операции, неопходно е да се направи третата операција како би се отстранил целосно делот кој е зафатен на кожата.

Ваквиот тип оперативни зафати не се изведуваат во Македонија и потребно е да се направи нова финална операција во Турција, од каде ветуваат дека проблемот ќе биде целосно решен.

Првите две операции се изведени од тим од Белград, но поради сериозноста на состојбата, потребна е трета и последна интервенција.

Согласно сите прегледи и консултации со болницата во Турција, целата интервенција би чинела 15.000 евра“.

bravo-makedoncite-sobraa-1-milion-denari-za-lekuvanje-na-3-godishniot-ilin-04.jpg

bravo-makedoncite-sobraa-1-milion-denari-za-lekuvanje-na-3-godishniot-ilin-06.jpg

Денес, на Фејсбук страницата на ECrowd, ги споделија убавите вести дека парите се собрани.

„Почитувани наши донатори, поддржувачи, пријатели, сакаме од срце да се заблагодариме што за само една недела успеавме да ја собереме потребната сума за операција на малиот Илин!

Илин, цел живот да си вака насмеан!“, стои во описот.

bravo-makedoncite-sobraa-1-milion-denari-za-lekuvanje-na-3-godishniot-ilin-02.jpg

Спирова С. | Црнобело

фото: ECrowd.mk

Би можело да ве интересира:

Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
Дечко од Скопје: „Во Охрид 2 големи пици, пиво и винце платив 1.170 денари, до езерото среде сезона ... „И годинава традиционално се фрла отров по Охрид, нормално, се изначитавме безбр...
Апел од наш доктор: „Ве молам денар да не давате на 'просјаците' во Клинички центар во Скопје, цела ... „Најсиромашните што движат по Клинички Центар во Скопје, скромни стуткани луѓе с...
Илина Арсова со мајка ѝ на Острог, Кили објави фотка од себе по долго време - Што правеа македонскит... Стефан од Некст тајм е во Виена, па со сопругата го посетија божиќниот базар во ...
„Одам на четврта операција за една година“ - Весна Петрушевска со искрена исповед од болница, по рак... „Единствено се плашам од игла, имам неверојатен страв. И одлучив да направам дне...
Самохрана мајка на 3 деца од Скопје: „Добив термин за операција - првата мисла не ми беше за мене, т... „По операцијата сама се вратив дома. Со завои од канили, со преврски, со попатно...

Најчитани неделава