Диџеј Никифор стана татко, со мекици го прослави раѓањето на Мелоди
- Детали
- вторник, 23 јули 2024
Еден од најпопуларните македонски диџеи, Никифор, и неговата сопруга Ани, го добија првото дете.

Никифор Стоилков, познат како диџеј Никифор од Antenna 5 радио и еден од најпопуларните македонски диџеи, стана татко.
Неговата сопруга Ани роди ќерка, на која ѝ го дадоа името Мелоди. За да го прослави нејзиното раѓање, Никифор направи мекици во познат скопски ресторан.

Меѓу гостите беа многу негови пријатели и соработници (меѓу кои и Тамара Тодевска и Катарина Ивановска), па се забавуваа до доцна во ноќта, пееја и играа.
„Добредојде Мелоди“, напишаа тие на Инстаграм Стори, каде споделија дел од атмосферата на забавата.

Највесел од сите, сепак беше таткото, кому ова му е прво дете.
Повеќе фотографии:



А. Ј. | Црнобело