Емра Куртишова на плажа во Грција со сопругот, по крштевката на ќерката

„Животот е убав“, напиша Емра Куртишова и сподели неколку фотки од плажа на Инстаграм.

emra-kurtishova-na-plazha-vo-grcija-so-soprugot-po-krshtevkata-na-kjerkata-01.jpg

Актерскиот пар Емра Куртишова и Петар Стојанов, помина неколку дена на одмор во Грција.

emra-kurtishova-na-plazha-vo-grcija-so-soprugot-po-krshtevkata-na-kjerkata-03.jpg

Актерката објави фотки од плажа во Неа Ираклија и популарната плажа Сахара, на која ужива со сопругот и напиша дека конечно се на море.

И на плажа Емра е со стил, па таа комбинираше наметка со леопард принт и сламен шешир, со големи очила и впечатлив накит.

„Животот е убав“, напиша таа на фотките што ги сподели на Инстаграм.

emra-kurtishova-na-plazha-vo-grcija-so-soprugot-po-krshtevkata-na-kjerkata-02.jpg

Емра и Петар заминаа во Грција само неколку дена откако ѝ направија крштевка на ќерката Лена, но не открија дали и таа е со нив.

По крштевката, на која присуствуваа само најблиските, тие организираа и прослава во ресторан, а ја завршија со интересна розова торта на која беше испишано името на Лена и колачиња, на кои, исто така, стоеше нејзиното име.

Прочитајте и Емра Куртишова направи крштевка за ќерката - Розова торта и шарени колачиња за Лена

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ќерката на Наташа Малинкова блеска во Париз и Ница - гените се чудо, згодна како мајка ѝ Таа во фокус ги стави своите долги нозе... Султана Малинкова е згодна како и мај...
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Сопругот на Антониа Гиговска прави склекови со пејачката на грб - Џокер ја одржува фит формата На 25-тиот роденден на Антониа Гиговска, сопругот Џокер романтично ја запроси од...
Ќерката на Љупка Митрова е матурантка со впечатлив стил - Жолт фустан со многу детали, креиран од ма... Жолтиот матурски фустан со корсет нема прерамки, а предниот дел над градниот кош...
Тони Зен објави прва фотка од ќерката Дена, 6 месеци по нејзиното раѓање - jа носи во кенгур на прош... „Како круна на сето во 2025-та е што на 3-ти декември ни се роди ќерка, Дена се ...
Стефан Лазаров и сопругата направија откривање на полот на детето - со торта на плажа (видео) Се прегнуваат и бакнуваат на плажа, откако открија кој пол е нивното бебенце. Ст...

Најчитани неделава