Иван Јованов ја прегрнуваше и бакнуваше сопругата, на свадбата на нејзината сестра во Охрид
- Детали
- вторник, 03 септември 2024
Иван, иако беше гостин на свадбата, го зеде микрофонот, па запеа во чест на младенците - додека пееше, ја прегрнуваше и бакнуваше сопругата.

Пејачот на „Либеро бенд“, Иван Јованов, беше на семејна свадбена веселба во Охрид, со сопругата Ивана и ќерката Ниа.

Тие беа на свадба кај сестрата на Ивана, Нина, која пред една година се омажи за Американецот Џеј Ар Шелтон, а сега правеа голема веселба во ресторан покрај Охридското Езеро.

Иван, иако беше гостин на свадбата, го зеде микрофонот, па запеа во чест на младенците.

Додека пееше, тој ја прегрнуваше и бакнуваше сопругата.

Пејачот објави неколку фотки и видеа од свадбата, а на едната од нив е со ќерката Ниа, која е како принцезичка во бело фустанче.
А. Ј. | Црнобело