Анита од Берово се породи, откако докторите ѝ предвидоа 8% шанси за живот: „Софија е моето мало чудо“

„Кога првпат ми ја ставија на градите плачев од среќа, бидејќи мислев дека после болеста и хемотерапијата никогаш нема да имам дете. Таа е моето мало чудо и ми дојде како подарок за сè што поминав досега“ - раскажува за CRNOBELO.com Aнита Имљаков од Берово, која по битката со ракот, сега живее ново, посреќно поглавје од својот (втор) живот. 

anita-od-berovo-se-porodi-otkako-doktorite-i-predvidoa-8-shansi-za-zhivot-sofija-e-moeto-malo-chudo-01_copy.jpg

Анита Имљаков од Берово, веќе неколку години живее и работи во Швајцарија заедно со сопругот.

Нејзината животна приказна (која ја раскажа за CRNOBELO.com во април 2024) е уникатна и инспиративна, а влева надеж дека на секого може среќата да му се насмевне, дури и кога најмалку очекувате.

bozhjo-chudo-anita-od-berovo-se-porodi-otkako-doktorite-i-predvidoa-8-shansi-za-zhivot-03.jpg

Таа ја победи најтешката битка во животот, кога на 27 години ѝ бил дијагностициран редок вид тумор на панкреас.

Докторите ѝ предвиделе само 8% шанси да преживее, но таа е вистинско божјо и медицинско чудо.

bozhjo-chudo-anita-od-berovo-se-porodi-otkako-doktorite-i-predvidoa-8-shansi-za-zhivot-04.jpg

Не само што успеа да ја победи болеста, туку и една година подоцна остана бремена по природен пат, откако претходно веќе изгубила едно бебе.

Во август таа се породи и 40-тина дена по раѓањето на ќеркичката, за CRNOBELO.com споделува емотивни моменти од мајчинството:

„После сите искушенија мојата најголема радост и среќа ја добив на 14 Август 2024 година. Тоа е мојата ќеркичка Софија. Таа го доби името по св. Софија.

Пред 8 години со сопругот бевме на одмор во Охрид, па шетајќи низ градот, застанав пред црквата Св. Софија и се зареков пред Господ дека еден ден ако ми подари ќерка, ќе се вика Софија.

Ја добив неа и го исполнив ветувањето.

Софија се роди во 36-та недела од бременоста. Цела бременост беше во ред, немав никакви проблеми, но поради ситуацијата во која бев и примањето на хемотерапијата, со мојот гинеколог, одлучивме да се породам со царски рез.

Денот кога требаше да отидам да закажам датум за царски рез, ја добив мојата Софија. Одејќи накај болницата добив контракции и вечерта во 21:25 часот се породив, сепак со царски рез.

Софија, иако дојде малку порано на овој свет, се роди како здраво мало бебе со 2.345g и 43cm. Таа добро напредува и веќе има близу 5kg.

bozhjo-chudo-anita-od-berovo-se-porodi-otkako-doktorite-i-predvidoa-8-shansi-za-zhivot-11.jpeg

Секој ден со неа ми е посебен, му се заблагодарувам на Господ и на животот што ја имам до мене. Таа е најголемото изненадување во мојот живот.

Таа е моето мало чудо и ми дојде како подарок за сè што поминав досега. Таа е моето сонце после дождот.

Кога првпат ми ја ставија на градите плачев од среќа, бидејќи мислев дека после болеста и хемотерапијата никогаш нема да имам дете.

Ни една минута не сакав да се одделам од неа, што и сега е исто.

Кога ќе ја погледнам, заборавам дека можеби цела вечер не сум спиела, заборавам на промените на телото и на сите проблеми што сум ги имала.

Со неа ништо не е тешко, ми го направи животот најубав. Таа е мојата најсветла точка, од тунелот во кој се наоѓав.

bozhjo-chudo-anita-od-berovo-se-porodi-otkako-doktorite-i-predvidoa-8-shansi-za-zhivot-10.jpeg

И сега, како и минатиот пат, ќе кажам дека надежта никогаш не треба да ја изгубиме, да веруваме во Господ и да се молиме.

Чуда се случуваат, а моето мало чудо сега го држам во раце. После секое искушение, доаѓа наградата, само да бидеме трпеливи и да се соочиме со проблемот кој го имаме“.

Прочитајте го интервјуто: Анита (28) од Берово го победи туморот и сега е бремена: „Докторите ми предвидоа 8% шанси за живот“

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

 M. M. | Црнобело

Фото: приватна архива за CRNOBELO.com

Би можело да ве интересира:

Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Јелена Спенџарска изреволтирана: „Пред камери мед и млеко им тече од уста, тие се најчесни - Луѓе, з... „Сигурно познавате личности што пред вас се „ми-ми-ми“, „хи-хи-хи“, а всушност с...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...

Најчитани неделава