Христина Пан за ќеркичката (2) што се бори со рак: „Ме прашуваа зошто Тара нема коса, ѝ се смееја во парк“

„Кога ме прашуваа зошто Тара нема коса или родител ќе ја наречеше дека е батко, пример ако не е облечена во розово. Ух...“, ја започнува својата моќна објава инфлуенсерката Христина Младенова.

hristina-pan-za-kjerkichkata-2-shto-se-bori-so-rak-me-prashuvaa-zoshto-tara-nema-kosa-i-se-smeeja-vo-park-01.jpg

Македонската инфлуенсерка Христина Младенова, позната како Христина Пан, со сопругот Петар има две ќерки близначки, а очекува и трето дете - ќеркичка.

hristina-pan-za-kjerkichkata-2-shto-se-bori-so-rak-me-prashuvaa-zoshto-tara-nema-kosa-i-se-smeeja-vo-park-04.jpg

Близначките ги доби по подолга битка со неплодноста, за која зборуваше во интервју за CRNOBELO.com, но, за жал, едната од нив – Тара, се соочи со тешка дијагноза и нејзиното лекување уште трае.

Во една пригода Христина за CRNOBELO.com проговори за дијагнозата на ќеркичката:

„Пред да наполни 1 година Тара, почна нашата голгота околу нејзината болест - три месеци испитувања, компјутери, магнети, биопсии, додека се воспостави вистинската дијагноза, а тоа е Neuroblastoma Metastaticum.

Следеше хоспитализација од 3 месеци, поради хемотерапии со високи дози на Детската клиника тука во Скопје, на одделот за онкологија“.

Лекувањето се одвиваше и во Љубљана и Истанбул.

Како последица на хемотерапијата Тара ја изгуби косата, а начинот на кој на ова коментираат другите луѓе понекогаш, ја вади Христина од такт, па таа упати моќна порака преку нејзиниот Инстаграм профил.

hristina-pan-za-kjerkichkata-2-shto-se-bori-so-rak-me-prashuvaa-zoshto-tara-nema-kosa-i-se-smeeja-vo-park-06.jpg

Нејзината објава гласи:

„Кога ме прашуваа зошто Тара нема коса или ѝ се смееле во парк или родител ќе ја наречеше дека е батко, пример ако не е облечена во розово. Ух...

Или...

„Леле, кај ти паднало детево вака, треба многу пазење (кога Тара беше многу модра под окото)“.

Искрено, некогаш бев културна, а некогаш кај тие без тотален осет и не баш.
Само бев среќна што не разбира Тара во моментот, но како им е на поголемите деца што разбираат.

Свесноста за детскиот карцином мора да се зголеми! Најмалку се виновни децата што не знаат!

hristina-pan-za-kjerkichkata-2-shto-se-bori-so-rak-me-prashuvaa-zoshto-tara-nema-kosa-i-se-smeeja-vo-park-06_copy.jpg

Во еден часот по полноќ, во рок од 20 минути имам сигурно над 50 пораки од вас како сте шокирани од тоа дали навистина тоа се случувало во парк, на улица?

Да, навистина и многу повеќе! Тажно, но да.

Верувајте дека косата е најмалиот проблем за нас родителите.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Христина Пан прослави 8 години брак - објави свадбени фотки и ужива со 3-те ќерки, откако едната се ... По борбата со неплодност и ракот на една од близначките, Христина во прекрасна а...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Нашата мала хероина Верче утре си оди дома кај мама, тато и бато, по последната зрачна терапија и бо... „1 април е… ама ова не е шега. Денес славиме оти нашата храбра Верче од Родителс...

Најчитани неделава