Од Скопје повторно ќе се лета до Барселона и Дубаи – нови авиолинии од Скопскиот и Охридскиот аеродром

На големо очекување на сите, повторно се враќаат авионските линии кои го поврзуваат Скопје со Барселона, но и со Дубаи. Кои други авионски линии ќе бидат достапни од 2025 година?

od-skopje-povtorno-kje-se-leta-do-barselona-i-dubai-novi-destinacii-od-skopskiot-i-ohridskiot-aerodrom-01.jpg

Освен овие две долгооочекувани дестинации кои неколку години беа во прекин, ќе има уште неколку нови авиолинии, со кои ќе се олесни патувањето од Македонија кон странство, но и ќе се привлечат нови туристи кај нас.

Министерот за транспорт и врски, Николоски, на последната

/?__cft__[0]=AZULHMo7Fb5ggz298sxUagmWA8tRVZjMTNL160dIKn1r9mhUeNHCKKBiktXpAPIBxZHOtM-1-rjZDl8nE61--OyHR-DE9biduKixcAb-CCtUHTgUuqWMHrLA0oqoIs4u62ACafl9Q9_QavhdAuEyOElXOVGNJkL6-1mhoar2tulEZYSYZ3IbVmORXnZ6digDo3C6F610xbI4Iq4bvVw36I_7&__tn__=%2CO%2CP-R" target="_blank" rel="noopener"> прес-конференција најави 6 нови авионски линии од Скопскиот и Охридскиот аеродром:

Од 30 март 2025 година двапати неделно ќе се лета Скопје-Дубаи-Скопје со Fly Dubai.

Од 30 јуни 2025 двапати неделно ќе се лета Скопје-Барселона-Скопје.

Од 30 јуни 2025 трипати неделно ќе се лета Скопје-Лион-Скопје со што се отвора првпат Јужна Франција како дестинација со која се поврзува Македонија.

Од следната година трипати неделно ќе се лета Скопје-Штутгарт-Скопје.

Од Охридскиот аеродром двапати неделно ќе се лета Охрид-Базел-Охрид.

Со Turkish Airlines од 30 март 2025 редовно ќе се лета Охрид-Истанбул-Охрид.

Авиолиниите од Скопје до Штутгарт, Барселона, Лион и Базел ќе ги оперира авиокомпанијата „Визер“.

фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
Наша стјуардеса за напуштањето на Дубаи: „Со авионски лет отпатував за Бали, но застанавме да полним... „Летот беше половина празен, сè беше во ред, освен тоа што требаше да застанеме ...

Најчитани неделава