Сузана Турунџиева: „Трчаш за на работа, да испазариш, да зготвиш, да платиш рата за кредит - зошто?“

„Трчаш да платиш сметки, рата за кредит, летување за децата... Школување... Курсеви, секции... Трчаш и никако да истрчаш насекаде. До каде, до кога?! Зошто?!“, гласи дел од моќната објава на Сузана Турунџиева.

suzana-turundjieva-trchash-za-na-rabota-da-ispazarish-da-zgotvish-da-platish-rata-za-kredit-zoshto-01.jpg

Водителката Сузана Турунџиева е позната како вљубеничка во пишаниот збор.

Неретко своите мисли, покрај во книги, ги преточува и во статуси на нејзиниот Фејсбук профил.

Така, сега таа напиша објава која и вас ќе ве натера да се подзамислите.

Објавата на Сузана Турунџиева:

„Трчаш за на работа...

Трчаш да се вратиш од работа...

Трчаш да најдеш и дополнителна работа...

suzana-turundjieva-trchash-za-na-rabota-da-ispazarish-da-zgotvish-da-platish-rata-za-kredit-zoshto-04.jpg

Трчаш да платиш сметки, рата за кредит, летување за децата... Школување... Курсеви, секции...

Трчаш да испазариш, да зготвиш, да пречекаш и испратиш гости...

Трчаш по состаноци, настани, „битни“ средби... Ги оставаш „на чекање“ најважните луѓе во твојот живот, за некои наводно „значајни“ настани...

Трчаш и никако да истрчаш насекаде.

До каде, до кога?! Зошто?!

suzana-turundjieva-trchash-za-na-rabota-da-ispazarish-da-zgotvish-da-platish-rata-za-kredit-zoshto-03.jpg

Престани да се натпреваруваш со животот, успори малку, преиспитај се и откриј на колку сè места не мораш да бидеш...

Намали го малку товарот кој сам(а) си го качил(а) на твојот грб... Престани да мислиш на сè и на сите, секогаш! Не заборавај да се ставиш себеси на првото место, особено ако од тебе зависат и други членови во семејството...

Запамети!

Сè може да почека, само твоето здравје НЕ!

Закажи прегледи и грижи се за твоето здравје, НАЈПРВО ЗА СЕБЕ, после за сè останато!“

?locale=mk_MK

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Васка Леонтиќ: „Моето дете е од донор – плачеше затоа што немаше кој да ја носи на 'ушка' како други... „Koга матичарот ме праша за презимето зетот само рече 'Јас ќе го земам нејзиното...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Тина Русева со искрена исповед: „Никогаш не сум била лигаво девојче - работам во McDonald's во Герма... „Работам од свои 15-16 години константно и си работам до ден денес. Имам ра...
„Слава ти Боже!“ – Сузана Спасовска го прослави 61-иот роденден, за неа годините се само бројка „Си велам, а да си ги сменеа местата овие две бројки? 16 наместо 61 (ха-ха)... А...

Најчитани неделава