Славчо Попоски, метеоролог: „Неделава нè очекува студено време, со утрински температури и под нулата“

„Во Скопје и околината ќе имаме стабилно, суво и сончево време, со услови за појава на магла“, вели Славчо Попоски за претстојната недела.

slavcho-poposki-meteorolog-nedelava-ne-ochekuva-studeno-vreme-so-utrinski-temperaturi-i-pod-nulata-01.jpg

По топлиот октомври, во првите денови од ноември почнуваме да ги чувствувате есенските температури.

Иако ќе биде сончево, утринските температури на некои места ќе се спуштат и под нулата.

Во продолжение прогнозата на Славчо Попоски:

„Во текот на оваа работна недела, и тоа под влијание на значително постудена воздушна маса која се спушта од северните и од североисточните предели на Европа, времето во Македонија ќе биде стабилно, суво, сончево и значително постудено, особено во утринските часови.

Ќе има и повремено појава на мала до умерена локална облачност.

slavcho-poposki-meteorolog-nedelava-ne-ochekuva-studeno-vreme-so-utrinski-temperaturi-i-pod-nulata-2.JPG

Ќе биде претежно тивко, па така во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла и на ниска облачност.

Наутро температурите во поголем дел од Македонија ќе се спуштаат под нулата, односно тие ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 3 степени Целзиусови.

Максималните дневни температури, пак, ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 19 степен Целзиусови.

Само понекаде во југоисточните предели температурата ќе се искачи до 20 степени Целзиусови.

slavcho-poposki-meteorolog-nedelava-ne-ochekuva-studeno-vreme-so-utrinski-temperaturi-i-pod-nulata-03.JPG

Во Скопје и околината во текот на оваа работна недела ќе имаме слично време, односно стабилно, суво и сончево, повремено со мала до умерена локална облачност.

Ќе биде претежно тивко, а во утринските часови ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност.

Наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 0 и 2 степени Целзиусови, додека максималната температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 17 и 18 степени Целзиусови“.

Спирова С. | Црнобело

фото: Фејсбук, freepik.com

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Јасна од Скопје со позитива на денот: „На најомразениот семафор што душа ми вади, добив порака што м... „Тргам од парк кон Водно, со планиран стрес поради лошо регулираните семафори, н...

Најчитани неделава