Игор Џамбазов по 56 години се сретна со жената што го исчувала: „Тетка Даринка нè научи да бидеме добри луѓе“

„Тетка Даринка нè чуваше со сестра ми кога бевме мали. Живееше кај нас и се грижеше за нас во недостаток на родителите, кои тогаш беа на врвот на кариерите. Таа се обидуваше да нè научи да бидеме добри луѓе, а на концертот ја повикав на сцена и се изгушкавме за сите 56 години кои не се видовме“ – пишува Игор во видеото од емотивната средба на настапот во Канада.

igor-djambazov-imashe-emotivna-sredba-vo-toronto-ova-e-zhenata-shto-ne-chuvashe-so-sestra-mi-vo-nedostatok-na-roditelite-01.jpg

Игор Џамбазов периодов беше во Торонто, Канада, каде пред Македонците кои живеат таму одржа музички настап заедно со Гуру Харе и ги кренаа сите на нозе.

Кликнете на видеото за да погледнете дел од атмосферата:

Но, освен прекрасната атмосфера во салата, Игор сподели и еден емотивен, приватен момент кој се случил на концертот.

Тој забележал дека во публика е жената која го исчувала него и неговата сестра Тања кога биле мали, бидејќи нивните родители, кои тогаш биле во врвот на своите кариери, често отсуствувале од дома.

На видеото се гледа дека тој ја поканил на сцена и се прегрнуваат од срце по 56 години од последното гледање.

Во описот на видеото тој напиша:

„Ова е сигурно еден од најемотивните моменти од концертот во Торонто.

Дознав дека во публиката се наоѓа тетка Даринка, жената која нè чуваше мене и сестра ми Тања кога бевме мали.

Живееше кај нас, се грижеше за нас, и во недостаток на родителите кои тогаш беа на врвот на своите кариери и многу често отсуствуваа од дома, бидејќи патуваа на турнеи и снимања, па се обидуваше да ги замени.

Тетка Даринка се обидуваше да нè научи да бидеме добри луѓе, и се надевам дека успеа во тоа.

igor-djambazov-imashe-emotivna-sredba-vo-toronto-ova-e-zhenata-shto-ne-chuvashe-so-sestra-mi-vo-nedostatok-na-roditelite-02.jpg

А кога конечно ја пронајде љубовта на својот живот, чичко Ѓоко, тој ја побара нејзината рака од мајка ми и татко ми, а тие им дадоа благослов.

После тоа заминаа за Канада. Таму станаа успешни луѓе, познати во македонската заедница.

На концертот, ја повикав на сцената. Се изгушкавме за сите 56 години во кои не се видовме.

56 години. Животе, понекогаш навистина знаеш да бидеш суров...“

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Игор Џамбазов во прегратка со сестра му Тања: „Една е сестра, плус од Америка. Доаѓа како торнадо“ „Не се гледаме често, но секојпат кога ќе се видиме како да вчера завршил разгов...
Игор Џамбазов: „Си ја проверував спермата додека бев со Илина, имам понуди од жени да ми родат дете“ „Мажот ми вели: „Со кучиња ли живееш, бе? Камо деца, бе, да правиш?“ Какова...
Игор од Прилеп ја запроси саканата Елена на магична локација покрај езерото Комо во Италија (фото) Игор Јанкоски од Прилеп, информатички инженер, ја запроси саканата Елена Ангелес...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...

Најчитани неделава