Први фотки од свадбата на Едина Муса и Александар Димитровски Мачка - тесна венчаница, изведба на Павле Камилоски
- Детали
- петок, 29 ноември 2024
„Ја земаа најубавата“... Со бел бидермаер, романтични бранови во косата, тесна бела венчаница, Едина Муса блеска на првиот танц со Александар Димитровски Мачка.
Кошаркарката Едина Муса во месец септември објави дека е бремена со фотографија на која го гали своето трудничко стомаче, а вечерва (29.11) стапи во брак со Александар Димитровски Мачка.
За изгледот на Едина се погрижи Арменд Рамадани и таа буквално блеска.
Едина се одлучи за тесна венчаница во која го истакна трудничкиот стомак и своето фит тело, кое е резултат на константни тренинзи и во бременоста.
Со бел бидермаер и бранови во косата, таа блеска покрај саканиот. Мачка се одлучи за црн класичен костим.
Парот слави во Рагуза, а песната за првиот танц им ја отпеа Павле Камилоски.
Меѓу гостите на свадбата е и Ирина Камилоска, која е многу блиска пријателка со Едина.
Таа на Инстаграм Стори сподели видео од првиот танц и напиша „Ја земаа најубавата“.
Пoгледнете ги официјалните фотки oд Dzole Photography во галеријата со клик на стрелката:
https://www.instagram.com/p/DC9y0fsssbK/
На свадбената церемонија се и децата на Мачка од бракот со Тамара Тодевска, Хана и Дарен...
С. С. | Црнобело / фото: Инстаграм