Како да се подготвите за прекинот на водоснабдувањето во Скопје + колку долго ќе трае санирањето на дефектот?

Институтот за јавно здравје порачува граѓаните да складираат доволно вода за пиење, готвење и хигиена. Потребни се најмалку 4 литри вода по лице на ден за пиење и хигиена.

kako-da-se-podgotvite-za-prekinot-na-vodosnabduvanjeto-vo-skopje-kolku-dolgo-kje-trae-saniranjeto-na-defektot01.jpg

Институтот за јавно здравје сподели препораки за прекинот на водоснабдувањето во Скопје кое е најавено од денес (20.12) во 20:00 часот, сè до санирањето на дефектот.

Препораките се однесуваат на граѓаните, но и здравствените установи и угостителските локали.

Во контекст на најавениот недостиг на вода во наредниот период во Скопје, следете ги овие препораки за да се подготвите и да го минимизирате влијанието:

Препораки за граѓани:

1. Складирање вода

- Складирајте доволно вода во чисти садови за пиење, готвење и хигиена. Потребни се најмалку 4 литри вода по лице на ден.

- Ако имате пристап до флаширана вода, набавете ја за овој период.

- Наполнете канти, кофи или големи садови со вода за санитарни потреби (чистење, миење, тоалети).

2. Штедење вода

- Користете вода само за основни потреби како пиење, готвење и лична хигиена.

- Одложете активности кои трошат многу вода, како што се перење облека, чистење на автомобили и слично.

3. Хигиена

- Користете средство за дезинфекција на раце ако нема достапна вода.

- За лична хигиена користете влажни марамчиња.

- За мијалници или тоалети, користете вода од резервите или алтернативи како санитарни раствори.

kolku-voda-da-skladirate-za-prekinot-na-vodosnabduvanjeto-vo-skopje-kako-kje-se-odviva-saniranjeto-na-defektot03.JPG

4. Храна

- Гответе оброци кои не бараат многу вода за подготовка и миење.

- Користете еднократни чинии и прибор за јадење за да избегнете миење.

- Ако користите вода од неконвенционални извори (пр. бунар), секогаш превривајте ја пред употреба.

5. Информирање

- Следете ги локалните вести и објави од надлежните органи за информации и препораки.

- Почитувајте ги сите насоки дадени од здравствените власти.

6. Грижа за ранливи категории

- Осигурајте се дека бебињата, старите лица и лицата со здравствени проблеми имаат доволно резерви на вода.

- Планирајте ја потребата на вашите домашни миленичиња за вода.

7. Поддршка во заедницата

- Споделувајте вода со соседите доколку тие имаат потреба и проверете ги ранливите лица во вашата заедница.

kolku-voda-da-skladirate-za-prekinot-na-vodosnabduvanjeto-vo-skopje-kako-kje-se-odviva-saniranjeto-na-defektot-02_copy.JPG

Од ЈП Водовод и канализација споделија соопштените во кое е наведено што е опфатено во санацијата и колку долго ќе трае.

Целото соопштените во продолжение:

Во текот на утрешниот ден предвидени се активности за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод.

За оваа цел изготвен е оперативен план со кој се предвидува прецизна постапка за овој зафат со цел брзо и ефикасно завршување на ваквиот потфат.

Главна цел на овој Оперативен план е подобрување на водоснабдувањето и притисокот во Општина Ѓорче Петров и Карпош, со репарација на 6 сегменти каде во изминати децении се нотирани огромни загуби можна вода. Со затворање на Главниот Градски цевковод Ф1600мм поради санација на 5 затворачи по должина на оваа линија на потегот од кружниот тек во Ѓорче Петров до раскрсницата на булевар Партизански одреди со ул. Никола Парапунов ќе се изврши

- Замена на нефункционален затворач Ф 400 мм на кружен тек во Ѓорче Петров

- Репарација на затворач Ф600мм на мост Обединети нации кој тече

- Заптивање на затворач Ф700мм на булевар Партизански Одреди кој протекува и замена на затворач Ф150 кој се наоѓа во истата шахта

- Санација на затворач Ф700мм и Ф500мм на ул. Никола Парапунов.

- Замена на 4 воздушни вентили

Согласно Оперативниот План за санација на затворачите на градска водоводна линија Ф1600мм, Сектор Водовод презема бројни оперативни активности за подготовка на луѓе, механизација, алат и пумпи.

Во процесот на активности Сектор Водовод првично ќе направи проверка за исправноста на воздушните вентили, испусти и хидранти поставени по должината на цевководот Ф1600мм. По утврдување на состојбата и констатирање на нивната исправност Сектор Водовод со екипи составени од 6 пункта носители на работата со обезбедена испомош на конкретни работници од други пунктови ќе обезбеди сигурно празнење и полнење на системот.

Акцијата е предвидена на 21-ви декември, односно сабота со почеток во раните утрински часови кога сите екипи на Секторите ЕОК, Механизација и Водовод ќе бидат на предвидените локации.

Се очекува оваа операција да заврши за помалку од 15 часа во кои најмногу време се одвојува за празнење и полнење на магистралниот водовод.

Апелираме до сите јавни чинители да внимаваат во изнесувањето информации и да не предизвикуваат страв и паника кај граѓаните за неколку часовното немање вода. Овој сериозен зафат се презема за да се превенираат состојби на дефекти како што се тие во Тетово, Битола, Штип и Неготино, каде со денови и недели немаше вода поради несанирани дефекти. 

За сите прашања во врска со статусот на операцијата Водовод и Канализација Скопје ќе бидат достапни за одговори во текот на целото времетраење на санацијата.

фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
7 идеи каде и како активно да ги поминете зимските викенди со децата, во околина на Скопје Забавувајте се во рекреативниот центар на отворено на Козјак, качете се со жични...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...

Најчитани неделава