Ивана од Прилеп за операцијата на крајниците на ќерката (6): „Симптомите беа зборување како со затнат нос, спиење со отворена уста и ’рчење“

„Точно е дека пред 2 години истата операција ја имаше Инес, но тогаш опериравме само трет крајник. Голема грешка, но наша грешка. Крајниците, освен третиот, тогаш ѝ беа здрави, но ако побаравме да бидат отстранети сите три, ќе беа...“, ја започнува својата приказна Ивана Ѓорѓиоска од Прилеп за процедурата низ која поминала нејзината ќерка Инес.

ivana-od-prilep-za-operacijata-na-krajnicite-na-kjerkata-6-sekogash-krevashe-temperatura-do-40-s-i-odevme-na-infuzija-01.jpg

Ивана Ѓорѓиоска од Прилеп е мајка на две дечиња, која храбро се избори со ракот, и ја сподели својата приказна јавно за да ги охрабри и другите кои се соочуваат со истото.

Таа неодамна искрено на Инстаграм сподели и низ каков оперативен зафат минала нејзината ќерка Инес (6) и сподели неколку совети за сите родители.

ivana-od-prilep-za-operacijata-na-krajnicite-na-kjerkata-6-sekogash-krevashe-temperatura-do-40-s-i-odevme-na-infuzija-08.jpg

Станува збор за операција на крајниците, која малата храбра Инес одлично ја поднела.

Потоа, на Инстаграм Стори одговараше на прашања околу операцијата од нејзините следбеници, во кои откри повеќе детали за процесот.

ivana-od-prilep-za-operacijata-na-krajnicite-na-kjerkata-6-sekogash-krevashe-temperatura-do-40-s-i-odevme-na-infuzija-02.jpg

Нејзиното искуство сигурно ќе им помогне и на други родители.

Искуството кое го сподели Ивана:

„Точно е дека пред 2 години истата операција ја имаше Инес, но тогаш опериравме само трет крајник. Голема грешка, но наша грешка.

Крајниците, освен третиот, тогаш ѝ беа здрави, но ако побаравме да бидат отстранети сите три, ќе беа. Но, не побаравме и тогаш за тогаш.

После 6 месеци имавме здраво дете, но потоа повторно почнаа маките.

ivana-od-prilep-za-operacijata-na-krajnicite-na-kjerkata-6-sekogash-krevashe-temperatura-do-40-s-i-odevme-na-infuzija-06.jpg

Симптомите за болни крајници кај неа беа константно зборување како со затнат нос, а секрет немаше. Спиење со отворена уста и ’рчење многу гласно.

Кога ќе настинеше ѝ се воспалуваа крајниците и делуваа на слухот, со што слушаше како цело време да е под вода.

Секогаш кога ќе кренеше температура дали од настинка или вирус, креваше 40°С и можеше да се спушти само со инфузија. Од што тоа беше пречесто, кога имаше пример 39,8 нас ни беше како ок, не е висока …

Последните неколку месеци почна да губи воздух ноќе на спиење. Неколку секунди без воздух, а за нас цела вечност.

Знаевме дека мора да се решиме од крајниците, но не знаевме каде, кога, како…

ivana-od-prilep-za-operacijata-na-krajnicite-na-kjerkata-6-sekogash-krevashe-temperatura-do-40-s-i-odevme-na-infuzija-04.jpg

Среќа што често прашував тука за мислења на доктори, болници и слично, па Господ ми прати една Марија.

Па, таа ме упати каде, кога и како да појдеме на преглед. Благодарна сум до небо.

Направивме преглед и кај д-р Никица во болницата 8-ми Септември и по неколку месеци и кај д-р Ирена.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ќерката на Наташа Малинкова блеска во Париз и Ница - гените се чудо, згодна како мајка ѝ Таа во фокус ги стави своите долги нозе... Султана Малинкова е згодна како и мај...
Прилеп се претвори во празнична бајка – светлечкa панделкa, кочиja и елка (видео) Осветлувањето на плоштадот во Скопје се очекува денес, а во меѓувреме и Прилеп б...
Трогателно писмо од мајка до ќерката Ивона, чиј живот згасна во „Пулс“ во Кочани: „Да те гушнев уште... „Ќерко моја, Ивона, ќе ти пишувам, иако те нема. Недостига твојот мирис, твојата...
Ќерката на Љупка Митрова е матурантка со впечатлив стил - Жолт фустан со многу детали, креиран од ма... Жолтиот матурски фустан со корсет нема прерамки, а предниот дел над градниот кош...
Саканиот на Тамара Тодевска емотивно ѝ честиташе роденден на ќерка ѝ - Хана наполни 10 години „Најсреќна да си, очи мои сини“, напиша партнерот на Тамара, а архитектот Лука Р...
„Ти си мое сè, секогаш има некој покрај тебе принцу мој“ – Перо Антиќ и Ружица со емотивни објави за... За 13-тиот роденден на средниот син Павел, Ружица објави емотивно видео во кое п...

Најчитани неделава