Татјана Лазаревска го прослави 50-тиот роденден во Австралија - Го бакнува сопругот и пее, а синот свири на тапан

„Денес сум многу среќна, посебно што си ја имам својата фамилија - синовите Петар, Стефан и мојата љубов Новица. Ова е моето богатство, за ова се живее и наредни 50 години“ - кажа пејачката Татјана Лазаревска, која направи голема забава за својот роденден.

tatjana-lazarevska-go-proslavi-50-tiot-rodenden-vo-avstralija-go-baknuva-soprugot-pee-a-sinot-sviri-na-tapan-01.jpg

Фолк пејачката Татјана Лазаревска, која една деценија живее во Австралија, вчера (12.02) наполни 50 години.

Таа роденденот го прослави со голема забава, на која освен сопругот и синовите, беа и многу нејзини пријатели кои живеат во Австралија.

tatjana-lazarevska-go-proslavi-50-tiot-rodenden-vo-avstralija-go-baknuva-soprugot-pee-a-sinot-sviri-na-tapan-02.jpg

Меѓу нив беше и Марјана Новачевска, близначката на Росана Сариќ Тодоровска, која е една од најблиските пријателки на Татјана.

tatjana-lazarevska-go-proslavi-50-tiot-rodenden-vo-avstralija-go-baknuva-soprugot-pee-a-sinot-sviri-na-tapan-08.jpg

Лазаревска сподели дел од атмосферата на роденденската забава преку Фејсбук, со вклучување во живо.

tatjana-lazarevska-go-proslavi-50-tiot-rodenden-vo-avstralija-go-baknuva-soprugot-pee-a-sinot-sviri-na-tapan-05.jpg

Таа им пееше на гостите, играше со нив додека нејзиниот син свиреше на тапан качен на стол, се забавуваше.

tatjana-lazarevska-go-proslavi-50-tiot-rodenden-vo-avstralija-go-baknuva-soprugot-pee-a-sinot-sviri-na-tapan-09.jpg

И сето тоа беше опуштено, без помпа или дрес код, па за роденденот Татјана избра бела маичка и шарени панталони, а и гостите беа облечени кежуал.

tatjana-lazarevska-go-proslavi-50-tiot-rodenden-vo-avstralija-go-baknuva-soprugot-pee-a-sinot-sviri-na-tapan-03_copy.jpg

Пред да ги дувне свеќичките на тортата, пејачката одржа и краток говор.

„Петка и нула за мене не значи ништо. Значи само пола живот. Уште пола следува, подобрата половина следува.

Денес сум многу среќна, посебно што си ја имам својата фамилија - синовите Петар, Стефан и мојата љубов Новица.

Ова е моето богатство, моето сè, за ова се живее и наредни 50 години. Ве сакам“ - кажа Татјана, па ги бакна тројцата најважни мажи во својот живот.

tatjana-lazarevska-go-proslavi-50-tiot-rodenden-vo-avstralija-go-baknuva-soprugot-pee-a-sinot-sviri-na-tapan-11.jpg

Претходно, на Инстаграм, сама си го честита роденденот со фотка на која е испишан бројот 50.

„Роденден ми е. Здраво 50-ти години. Животот е убав“, напиша таа.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојче (6) од Скопје прослави роденден со 6-метарска реплика на куќата на Снежана и 7-те џуџиња (фо... „Одлуката за идејата и темата за роденденот, како и тортата е на Зои. Испадна во...
„Ништо веќе не е исто“ - Сопругата на Кили објави фотка од него и зборови полни болка, 2 седмици по ... „Ништо веќе не е исто, сè е сменето за Јоана и мене тука во Еквадор, куќата е пр...
Софија Јанева му прослави „половина роденден“ на синот - со половина торта за полнење 6 месеци (фото... „Баш кога мислиш дека имаш некаков ред, бебето ќе реши да не спие цела ноќ. Но, ...
Сестрата на Спире кој почина во Кочани, пушти 27 балони кон небото за неговиот роденден: „Те сакам б... „Среќен небесен роденден брат. Оваа година можам да ти подарам само 27 балони“, ...
Зои Блаж емотивно го слави 1-иот роденден на ќерката, откако пред 7 години ѝ кажаа дека нема да стан... „Ти благодарам што ме избра мене да бидам твоја мајка. Со тебе научив дека најуб...
Тања Џамбазова за односот со Игор: „Горда сум што брат ми остана во Македонија, имаше можност да оди... „Ние имавме многу малку контакти. Животите ни беа на двајцата тотално непредвидл...

Најчитани неделава