Ина Многуфина: „Ова е сè само не обичен грип, јас ваков грип немам видено досега - те треска од земја“

„Грипов лупа од никаде со температура демек ‘Здраво, јас дојдов’. Температурата е во почеток 37.8 као не се плаши, не мора одма да идеш на лекар - може сум само настинка. Демек. За пола саат почнува таква треска што чашата за вода не можеш да ја погодиш под чешма за да напуниш...“, вели Ина Многуфина во вирална објава. Дали и вам ви изгледа дека сите се болни? Дали и вие поминавте низ тоа?

ina-mnogufina-ova-e-se-samo-ne-obichen-grip-jas-vakov-grip-nemam-videno-dosega-te-treska-od-zemja-01.jpg

Дали и вие имате чувство дека сите околу вас се болни и тоа не им поминува брзо, туку трае и трае и по неколку седмици? Или, пак, можеби и самите бевте „покосени“ од сезонскиот грип?

Твитерџиката Ина Многуфина сподели свое искуство на темата и многумина во коментари кај неа се пронајдоа дека поминале низ истото.

Меѓу оние кои ѝ коментираа беше и Миа Костова, која вели: „После победата немам вкус и мирис ден 13“.

ina-mnogufina-ova-e-se-samo-ne-obichen-grip-jas-vakov-grip-nemam-videno-dosega-te-treska-od-zemja-04.jpg

Статусот ќе ви го пренесеме во оригиналната верзија.

Објавата на Ина Многуфина:

„Па ко ќе излезат вака со статистики за грипот ко да некому му е битно колку има поише од лани заболени.

Никој не излезе да ги раскаже симптомите на ова чудо да се спремиме дома со суплементи.

Еве јас ќе ви раскажам како изгледа само една верзија од овогодинешниот, ајде да го наречеме обичен, сезонски грип, ама јас ваков грип неам видено до сеа.

Лупа од нигде никаде со температура демек здраво јас дојдов. Температурата е во почеток 37.8 као не се плаши, не мора одма да идеш на лекар може сум само настинка.

Демек. За пола саат почнува таква треска што чашата за вода не можеш да ја погодиш под чешма за да напуниш.

Тука сфаќаш дека ќе биде голема борба ама ти ќе мора да го згазиш.

ina-mnogufina-ova-e-se-samo-ne-obichen-grip-jas-vakov-grip-nemam-videno-dosega-te-treska-od-zemja-03.jpg

Прво идеш на лекар и правиш крвна слика, значи одма, не се лечиш сам.

Со се тие суплементи и апчиња за температура се спремаш за следните 5 дена да го газиш вирусот да се покае што наминал. И стиска вирусот, ти не се даваш, он појако негде со 39.5, ти пак не се даваш и само се потиш.

Тука реално победуваат овие шо ги мрзеше да ги дигнат летните алишта пошо преслакаш маици на 15 минути, жива вода си од врат до работ на долните пижами, со сè јорган, перници и цела постелнина.

Апетитот расположен ко пијаница на Боемска. Температурата не попушта ко пратеник за патарина. Шанса нема да се откаже. Почнуваш да мислиш дека ова никад нема да попушти.

Ден петти. Температурата те остава одеднаш ко жена што престанала да те сака. Одеднаш ја снемува. Ти остануваш со апчињата, без еден атом енергија ко да те фрлиле од поплава.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Ирена, мајка на 3 деца, од кои едно со аутизам: „Син ми ми кажа: ‘Јас не сум аутистичен. Јас сум нор... „Денес Кан ми рече: „Јас не сум аутистичен. Јас сум нормален“. И не го поправив,...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...

Најчитани неделава