Славчо Попоски, метеоролог: „Нè очекуваат високи температури, но и пороен дожд со можност за поплави“

„Кај нас, локално се очекуваат поинтензивни атмосферски процеси во форма на невреме со обилен пороен дожд, силен јужен ветер (над 75km/h), грмежи и со услови за појава на град“, вели Славчо Попоски за претстојниот период.

slavcho-poposki-meteorolog-ne-ochekuvaat-visoki-temperaturi-no-i-poroen-dozhd-i-silen-vetar-01.jpg

Иако деновиве ни изгледа како пролетта веќе да е овде, според метеоролошките анализи, наскоро можеме да очекуваме обилни врнежи од дожд.

Иако релативно високите температури ќе се задржат, ќе има многу врнежи од дожд, но и силен ветар.

Во продолжение, прогнозата на Славчо Попоски за претстојниот период:

„Нов метеоролошки екстрем од денес (понеделник 10 март), па сè до следниот понеделник (17 март) ќе го погоди целиот Балкански Полуостров, и секако, вклучувајќи ја и нашата Македонија.

Од една страна, ќе бидеме под влијание на невообичаено топла воздушна маса од југ и истата во делови од Балканот и Македонија ќе услови температури дури до околу 30 степени Целзиусови.

Во поголем пораст ќе бидат и минималните утрински температури на воздухот.

slavcho-poposki-meteorolog-ne-ochekuvaat-visoki-temperaturi-no-i-poroen-dozhd-i-silen-vetar02.JPG

Од друга страна, ќе бидеме и под влијание на длабок циклонски систем кој ни надоаѓа од Атлантикот.

Во ваква ситуација ќе дува засилен, повремено силен, а во делови од Балканот, особено на Јадранот и бурен јужен ветер (повремено со брзина дури и од над 100km/h).

За време на овој период, на многу места низ Балканот ќе наврне и огромно количество дожд кој се очекува да услови и локални поплави. Ќе има и појава на временски непогоди.

slavcho-poposki-meteorolog-ne-ochekuvaat-visoki-temperaturi-no-i-poroen-dozhd-i-silen-vetar03.JPG

До следниот понеделник (17 март) во регионот и Македонија се очекува екстремно количество на врнежи.

И кај нас локално се очекуваат поинтензивни атмосферски процеси во форма на невреме со обилен пороен дожд, силен јужен ветер (над 75km/h), грмежи и услови за појава на град“.

Спирова С. | Црнобело

фото: freepik.com, Фејсбук

Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Славчо Попоски, метеоролог: „По екстремно високите температури, нè очекува пороен дожд во петок“ „Во петок (27 јуни) попладне и навечер ќе има развој на локална нестабилност со ...
Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...
Антониа Гиговска објави фотки од емотивни моменти со синот од периодот кога го криеше неговиот лик „Љубов моја, поминаа 2 најубави годинки со тебе. Сакам да знаеш дека си мојата н...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...

Најчитани неделава