„Тажно неделно утро, потажно не може да биде“: Познатите Македонци со емотивни пораки за трагедијата во Кочани

„Посакувам да е само лош сон… Господ да им дава сила на повредените и на блиските на загинатите“, напиша Милена Антовска на Инстаграм.

tazhno-nedelno-utro-potazhno-ne-mozhe-da-bide-poznatite-makedonci-so-emotivni-poraki-za-tragedijata-vo-kochani01.jpg

Со емотивни пораки, бројни познати личности од Македонија им изразија сочувство на настраданите во пожарот во Кочани и нивните семејства.

Во трагедијата која се случи ноќеска во дискотеката „Пулс“ животот го изгубија 51 лице, а над 100 се повредени.

Дел од пораките на Македонците:

„Потресена сум и во неверување… Искрено сочувство до семејствата на настраданите… Македонија моја…“ – Калиопи.

„Уште сум во шок, како е можно ова да се случува?! Кочани ,сочувство за оваа трагедија, досега невидена во Македонија! Сочувство до семејствата на починатите млади луѓе“ – Елена Ристеска.

„Посакувам да е само лош сон… Господ да им дава сила на повредените и на блиските на загинатите… Немам зборови да кажам колкава болка чувствувам, а верувам и сите вие. Искрено сочувство“ – Милена Антовска.

„Јас сум во шок и неверување! Каква трагедија, каква тага. Македонија плаче. Сочувство до семејствата на трагично загинатите. Ова е болка за сите“ – Антониа Гиговска.

„Цела Македонија е во неверување и тага. Ноќеска во Кочани се случи трагична катастрофа која нè потресе сите нас.

Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата на трагично загинатите и се молам за брзо оздравување на сите повредени. Во овие тешки моменти, моите мисли и молитви се со сите засегнати од оваа страшна несреќа“ – Елена Најдоски.

„Не сакам да верувам, но пред мене е. Македонијо, денес молчиме и се молиме. Сите мои молитви се упатени до фамилиите на починатите и настраданите.

Боже, чувај ги. А вам мои сограѓани – ве преколнувам за емпатија“ – Ивона Јо.

„Шок. Немам зборови. Не знам што да пишам. Сакам да верувам дека сонувам“ – Ване Маркоски.

„Најискрено и најдлабоко сочувство до семејствата“ – Игор Стефановски Иџе.

„Тажен ден. Сочувство до семејствата“ – Елвир Мекиќ.

„Тажно неделно утро моја Македонијо. Тажно да потажно не може да биде. Тажни семејства завиени во црно, со неизмерна болка на за најмилите кои никогаш нема да им се вратат. Во овие моменти на незамислива тага заедно сме во болката.

Длабоко сочувство до семејствата за нивната ненадоместлива загуба, се молам за брзо опоравување на повредените. Нема утеха“ – Лила Филиповска.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тамара ја изгуби косата во пожарот во Кочани: „Кога се вратив од болница изгледот ми беше променет, ... Тамара од Кочани, за CRNOBELO.com искрено вели: „По пожарот ја изгубив косата, и...
Сопругата на Кили емотивна 2 месеци по неговата смрт: „Животот продолжува, но одеднаш ќе дојде една ... „Полека животот продолжува, како сè да е нормално, ама одеднаш ќе дојде една ужа...
„Отиде на забава, те вратија во ковчег – сега ти палиме свеќи“ – Емотивно писмо од мајката на Ивона ... „Денес, ќерко моја… повторно ќе дојдеме кај тебе. Денес правиме помен – една год...
Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...
Мајката на Ивона која загина во Кочани објави снимки од неа од настапот на ДНК: „Ги гледам последнит... „Последните видеа… последните мигови кога моето дете и другите ангелчиња уште ја...
Елена Ристеска скршена од болка: „Ах бре Пане, не стигнав да ти кажам колку те сакам, а си замина“ „Не знаев дека волку ќе боли како за роден брат! Ми беше брат кој никогаш го нем...

Најчитани неделава