Сопругата на Кили емотивна 2 месеци по неговата смрт: „Животот продолжува, но одеднаш ќе дојде една ужасна тага“
- Детали
- вторник, 26 мај 2026
„Полека животот продолжува, како сè да е нормално, ама одеднаш ќе дојде една ужасна тага, тага по сè што било убаво, добро и нежно, но и по сè што било неубаво, страшно и мачно“, емотивно вели кореографката Гордана Деан Поп Христова, која накратко ја посети Македонија, по смртта на Кили.

Сопругата на Кили, кореографката Гордана Деан Поп Христова, и по неговата смрт продолжи да живее во Еквадор, со нејзината ќерка Јоана.

Но, таа накратко се врати во Македонија, каде средуваше документација, но и се дружеше со ќерката Нина Деан и внучето Каи.


Кирил Поп Христов - Кили почина од инфаркт во сон на 11-ти март во Еквадор, а и 2 и пол месеци по неговата смрт, Гордана вели дека иако животот продолжува да си тече, доаѓаат епизоди на ужасна болка.

Таа сподели стара фотографија со него и напиша:
„Полека животот продолжува, како сè да е нормално,
ама одеднаш ќе дојде една ужасна тага,
тага по сè што било убаво, добро и нежно,
но и по сè што било неубаво, страшно и мачно“.




С. С. | Црнобело