„Исто убава си, како кога бев вљубен во тебе“ - Кили со емотивен последен поздрав со Софија Куновска (59)
- Детали
- четврток, 19 март 2026
„Је*ем ти живот, иста си целосно како кога бев многу заљубен во тебе“, Кили во свој стил ѝ дал прекрасен комплимент, една седмица пред смртта, на неговата колешка, актерката Софија Куновска. Таа сега му посвети емотивна објава...

Изгубивме легенда, изгубивме талент, изгубивме поместувач на граници... На 11-ти март го изгубивме нашиот Кирил Поп Христов - Кили.
Актерот почина на 58-годишна возраст, во Еквадор, каде што со сопругата Гордана Деан Поп Христова се пресели во 2014 година. Со нив беше и нивната ќерка Јоана, а Кили како своја ќерка ја сакаше актерката Нина Деан, ќерката на Гордана од првиот брак.

Но, Кили беше човек што беше вљубен во убавината, уметноста, во животот.
Тој околу една седмица пред смртта се поздравил со најубав комплимент со неговата колешка, актерката Софија Куновска (59).


Софија сега напиша:
„Не можеше да се поздравиш со мене на поубав начин од тој што го избра да се поздравиш пред неколку дена…
Патувај со ангелите драг Кили и таму отсвири ја и отпеј ја најубавата песна“.
Потоа, Софија сподели каков прекрасен коментар ѝ напишал Кили пред смртта, на нејзина понова фотографија на Фејсбук:
„Је*ем ти живот, иста си целосно како кога бев многу заљубен во тебе“.




Прочитајте и „Те сакаме“ - Сопругата на Кили објави емотивни семејни фотографии по неговата смрт - легендарниот актер со ќерките и внучето
С. С. | Црнобело