Фан на ДНК за повредените членови: „Панчо те чекам на гушкање, Горан не се давај мали - ќе ти попуштам на фудбалчиња“

„По долги години обожавање на ДНК конечно дојде на ред да ве видам во живо. На прво гледање, со залет тргнав и со раширени раце да те гушнам (се мисли на Панчо). Ме виде, рашири раце да се гушнеме... како да се знаеме од мали“, пишува Снешка Трајковска, која живее во мало место во Германија, за некогашната прва средба со нив.

fan-na-dnk-za-povredenite-chlenovi-pancho-te-chekam-na-gushkanje-goran-ne-se-davaj-mali-kje-ti-popushtam-na-fudbalchinja-01.jpg

Снешка Трајковска, Скопје го замени со селото Петралица, кривопаланечко, но потоа и Македонија комплетно ја замени со Германија.

Таа, сега со семејството, живее во местото Нојкирхен Флин, за кое вели „Мојата мала средена Паланка“.

Снешка на Фејсбук е потпишана како „Огнените Ѕверови на Дамјана“ и на овој профил, каде има повеќе од 16.000 следбеници проговори за својата прва срдеба во живо со ДНК, но и се помоли за закрепнување на Панчо од ДНК, како и гитаристот Горан Тонев.

За Панчо таа напиша:

„По долги години обожавање на ДНК конечно дојде на ред да ве видам во живо.

На прво гледање, со залет тргнав и со раширени раце да те гушнам (се мисли на Панчо). Ме виде, рашири раце да се гушнеме... како да се знаеме од мали.

Така гушнати само ти кажав на уво:

- Јас сум Снешка...

Тоа е запознавање во наш стил.

Те чекам на гушкање, како да се знаеме од мали.

Те молам немој да ме кршиш... Доволно беа удари... Доста беше“.

Таа посвети објава и на гитаристот на ДНК Горан Тонев, за чија здравствена состојба нема точни информации.

Нејзината објава за Горан Тонев:

„Мали... Не се давај.

Знам дека е крш, знам дека е тешко, ама без тебе ќе е потешко...

Горан Тонев те чекам на фудбалчиња.

Ќе ти попуштам да победиш ако треба... Ќе ти попуштам и да не треба, само издржи и врати се“.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...
По скандалот со фудбалерите, осуда и стихови за убавата Битола: „Неа да ја засакаш и во неа лудо да ... „Еднаш од сабајле да излезиш, кафе на тој сокак волшебен да испиеш, ќе те магепс...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...

Најчитани неделава