Дарко Стојанов, повреден во пожарот, прв се врати од лекување во Србија: „Моите деца сè уште имаат татко поради докторите“

„Мојата здравствена состојба е добра и стабилна, а сега следува малку подолг процес на закрепнување, додека да бидат санирани сите последици, но ќе бидам добро. Физичките рани и лузните на телото ќе останат, но веќе нема да крварат и нема да болат“, напиша Дарко Стојанов, кој додава „Дишам благодарение на брзата реакција на медицинскиот персонал во КАРИЛ, а потоа и на хуманиот медицински персонал од Србија - ангели сте!“.

darko-stojanov-prv-od-povredenite-vo-pozharot-se-vrati-od-lekuvanje-vo-srbija-moite-deca-se-ushte-imaat-tatko-poradi-doktorite-01.jpg

Дарко Стојанов е прв од повредените во пожарот во Кочани, кој се врати од лекување во странство.

Дарко, сопруг и татко, беше на лекување во Србија, а сега со објава на Фејсбук им искажа благодарност на докторите за целиот вложен труд.

darko-stojanov-prv-od-povredenite-vo-pozharot-se-vrati-od-lekuvanje-vo-srbija-moite-deca-se-ushte-imaat-tatko-poradi-doktorite-02.jpg

Неговата објава гласи:

„Драги пријатели, познаници и непознаници.

Мили мои ученици премногу ми недостасувате, но ќе се видиме наскоро.

Мој македонски народе ви благодарам за солидарноста, емпатијата и храброста која ја добивам.

Со оваа објава пред сè сакам јавно да се заблагодарам за личната поддршка која ја добив од огромен дел од вас.

Мојата здравствена состојба е добра и стабилна, а сега следува малку подолг процес на закрепнување, додека да бидат санирани сите последици, но ќе бидам добро. Физичките рани и лузните на телото ќе останат, но веќе нема да крварат и нема да болат.

Благодарение на Бога јас бев еден од посреќните кој што се спаси таа траорна ноќ. Но, огромен дел за жал ја немаа таа среќа.

Болката да се изгуби некој во тој пекол ја почувствував и јас. Тоа е рана која никогаш нема да зарасне. Раната на душата којa ќе крвари во мене до крајот на мојот живот.

darko-stojanov-prv-od-povredenite-vo-pozharot-se-vrati-od-lekuvanje-vo-srbija-moite-deca-se-ushte-imaat-tatko-poradi-doktorite-03_copy.jpg

Благодарам на сите институции кои беа вклучени во организирањето и реализацијата за лечење во СРБИЈА и останатите земји.

Доколку не се случеше тоа, не знам дали сега ќе го пишував ова. Благодарение на целиот медицински персонал во нашата држава, бидејќи тоа се вистинските херои.

Се надевам дека што поскоро ќе го сфатиме тоа како држава и дека тие ќе бидат наградени соодветно за сè што прават. Се надевам дека овиe херои што побрзо ќе добијат сè што заслужуваат.

Дишам благодарение на брзата реакција на медицинскиот персонал во КАРИЛ.

Не постојат зборови со кои можам да се заблагодарам на целиот персонал од Клинички центар Србија.

Моите деца сè уште имаат татко благодарение на докторите, и НЕВЕРОЈАТНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ И ТЕХНИЧАРИ од клиниката. Тоа беа моите ангели чувари. БЛАГОДАРАМ СРПСКИ НАРОДЕ!

Посакувам што побрзо закрепнуваење на сите кои се повредени и што побрзо да ги гушнат своите сакани. И се надевам дека оваа траорна трагедија ќе нè обедини како народ и ќе ни ги отвори очите како луѓе.

ГУШНЕТЕ ГИ НАЈБЛИСКИТЕ, ФАМИЛИЈАТА, ПРИЈАТЕЛИТЕ. КАЖЕТЕ ИМ ДЕКА ГИ САКАТЕ. НИКОГАШ НЕ МОЖЕТЕ ДА ЗНАЕТЕ КОГА Е ТОА ЗА ПОСЛЕДЕН ПАТ!“.

Видео од неговото пристигнување во Македонија ТУКА!

darko-stojanov-povreden-vo-pozharot-prv-se-vrati-od-lekuvanje-vo-srbija-moite-deca-se-ushte-imaat-tatko-poradi-doktorite-001.jpgСкриншот од видео на телевизија Телма

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дарко Влогс: „Првата сопруга ме тепаше, изневеруваше, се дрогираше и мене животот ми беше уништен“ Се запознале на брод, каде што Дарко работел, а таа била гостинка, потоа се допи...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Васка Леонтиќ: „Моето дете е од донор – плачеше затоа што немаше кој да ја носи на 'ушка' како други... „Koга матичарот ме праша за презимето зетот само рече 'Јас ќе го земам нејзиното...
Маја Гроздановска за љубовта со Дарко Панчев: „Собирав негови сликички како дете, го запознав на сви... „Случајно ја видов кафуле во Капиштец, ме заинтригира и јас иницирав да се видим...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...

Најчитани неделава