Вип ги испрати ракометарите кон нови големи победи

vip-gi-isprati-rakometarite-kon-novi-golemi-pobedi-povekjeСo огромна верба во нивните способности, желба и енергија во совладувањето на последната препрека пред летните олимписки игри, Вип ги...


...испрати македонските ракометни репрезентативци на квалификациониот турнир кој од 6-ти до 8-ми април ќе се одржи во Гетеборг, Шведска.

Во знак на благодарност за досегашните успеси, но и како поддршка во соочувањето со следните спортски предизвици, Вип, како официјален партнер на РФМ, за сите ракометари и членови на стручниот штаб, обезбеди вистинско изненадување – светскиот хит во мобилната телефонија Samsung Galaxy Nexus.

- Македонскиот ракомет е на прагот на историскиот успех – пласман на Олимписките игри. Она што го сонувавме и посакувавме по Светското првеннство 2009 и Европското првенство на почетокот на оваа година е на чекор да стане реалност за македонскиот ракомет и овој национален тим. Горди сме што, како официјален партнер на Ракометната федерација на Македонија, отсекогаш верувавме во огромната желба и енергија на овој тим да стигне до посакуваната цел и што ја обезбедивме неопходната поддршка за тоа. Се радувам што повторно имаме прилика да ги облечеме нашите навивачки дресови и, како верен навивачки тим во земјава, повторно да ги поддржиме  нашите ракометари во нивните нови големи победи, изјави Никола Љушев, Главен извршен директор на Вип, на прес конференцијата пред заминувањето на репрезентацијата за Гетеборг.

Инаку, светскиот хит во мобилната телефонија - Samsung Galaxy Nexus кој го добија членовите на ракометната репрезентација, е најнапреден технолошки уред кој со своите уникатни карактеристики треба да им овозможи на ракометарите беспрекорна мобилна комуникација со нивните семејства, пријатели, како и со многубројните навивачи. Samsung Galaxy Nexus кој од неодамна е достапен и за македонските корисници, единствено преку Вип, покрај другото овозможува и користење интернет и електонска пошта, како и снимање и размена на звук, фотографии и видеа преку популарните социјални мрежи како што се Google +, Facebook, Twitter и други. 

Вип е официјален партнер на Ракометната Федерација на Македонија од јануари 2008 година. Тргнувајќи од својата определба да го препознава и наградува успехот кој се темели на натпреварувачки дух и тимска работа, преку партнерството со РФМ, Вип обезбедува целокупна поддршка на македонските ракометари и ракометарки во совладувањето на врвните спортски предизвици. 

vip-gi-isprati-rakometarite-kon-novi-golemi-pobedi-1

vip-gi-isprati-rakometarite-kon-novi-golemi-pobedi-2

vip-gi-isprati-rakometarite-kon-novi-golemi-pobedi-3

Би можело да ве интересира:

Траорни објави на Македонците по трагедијата: „Една мајка денес не се разбуди да го носи своето чедо... „Сериски убиец и силувач на жени, бремена жена малтретирана со месеци, сега мајк...
Катарина Ивановска на трка низ Дубаи: „Да се трча со над 300.000 учесници од цел свет е сензација шт... „Да се трча 10km по Шеик Зајед Роуд во Дубаи, заедно со над 300.000 учесници од ...
Ина МногуФина згрозена: „Сè почесто кај нас токсични луѓе им ставаат тракери во автомобилите на парт... „Оваа појава има земено сериозен замав во Македонија. Тракерите ги ставаат најче...
Ледената Македонка Бетика сподели страшно искуство и фотки од болница: „Згазнав на стршлен – избегна... Во неколку објави на Инстаграм Стори, ледената Македонка Бетика го сподели своет...
12 најромантични запросувања на Македонци во 2025-та година, објавени на CRNOBELO.com Од прилепчанецот кој на почетокот на годината ја запроси саканата на Зимзоленд в...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...

Најчитани неделава