Ледената Македонка Бетика сподели страшно искуство и фотки од болница: „Згазнав на стршлен – избегнав сигурна смрт“
- Детали
- сабота, 19 јули 2025
Во неколку објави на Инстаграм Стори, ледената Македонка Бетика го сподели своето страшно искуство откако случајно згазнала стршлен кој ја каснал. Завршила во болница и вели дека избегнала сигурна смрт бидејќи имала алергија на стршлени за која не ни знаела.

Бетика, позната како ледената Македонка, сподели страшно искуство со каснување од стршлен.
Во неколку објави на Инстаграм Стори, Бетика вели дека завршила во болница и имала само 20 минути да преживее бидејќи имала алергија на инсектот.
„Стршлен – мало суштество, но доволно моќно да ти го земе здивот... и животот“, пишува на првата објава.

„Никогаш не мислиш дека последниот здив ќе ти дојде толку спонтано, босонога згазнав на стршлен. Имав само 20 минути да преживеам. Никој не те предупредува.
Само болка… и тишина. Тело што гори, кожа што се затвора, срце што откажува, воздух што исчезнува. А јас… таму… сама во планината… верував дека ќе помине, но само се влошуваше, него никогаш не сум се почувствувала толку слаба. Не знаејќи дека сум алергична на стршлен.
Поминаа само 5 минутки а веќе почнав да губам здив. Пополека сфаќав дека едно каснување може да ме избрише од овој свет. Во очите ми стоеше светлината, а срцето ми броеше наназад.
Имав уште 20 минути за спас, и лавовско срце што не се откажува, ја запалив колата и реков ајде душо мила издржи. Никогаш порано не сум молела за здив. Но сега молев, за уште една минута, уште една шанса.
Дишењето почнува да се стеснува, грлото да отекува, крвниот притисок паѓа нагло, срцето почнува да откажува. Се дерев, ќе преживеам!
И ја запалив колата“, стои во друга објава.

Таа сподели и фотографија на која се гледа исипот предизвикан од каснувањето, како и две фотографии од болницата.



Бетика сподели и емотивна порака инспирирана од трауматичното искуство:
„Реално вчера јас избегнав 100% смрт.
Наравоучение:
Дури и кога смртта ти тропа на врата, насмевни се и верувај. Врувај силно дури и кога немаш здив, верувај! Не заборавај мислите се побрзи од светлината.
А мојата мисла што вчера ме спаси беше: Ќе преживеам! Дури и кога го губев сопствениот ми здив, верував и со ширум отворени очи и се смеев на смртта.
Во најголемиот мрак и страв, се смеев и се дерев:
Ке преживеам!“



Спирова С. | Црнобело
