Александар од Скопје ја запроси саканата Милена на едно од најспектакуларните места на Бали (фото)
- Детали
- понеделник, 05 мај 2025
„Моментот кој го направи ова патување апсолутно незаборавно, се случи на едно од најспектакуларните места кои ги видовме - познатата „Diamond Beach“ на Нуса Пенида и таму под ѕвезденото небо и импозантните карпи што ја опкружуваат плажата ја запросив Милена, вели фотографот Александар Алексовски за CRNOBELO.com.
Александар Алексовски, по професија фотограф, ја запроси саканата Милена од Куманово за време на нивното патување на Бали, кое траеше речиси еден месец.
Александар по 3 години врска се одлучи на овој потег и тоа на едно од најубавите места во светот.
За запросувањето, но и за патувањето на Бали, тој споделува за CRNOBELO.com:
„Бали беше многу повеќе од обичен одмор; тоа беше патување кое засекогаш ќе остане врежано во нашите сеќавања.
Островот има неверојатна способност да ве смири со својата природа, да ве инспирира со културата и да ве маѓепса.
Она што особено нè допре беше топлината на локалните жители - луѓето се неверојатно позитивни и љубезни, секогаш со насмевка, дури и покрај видливите економски предизвици.
Тоа само ја истакнува нивната внатрешна сила и гостопримство.
Исто така, беше фасцинантно да се види колку е жив нивниот духовен живот - за првпат видовме луѓе толку посветено и често да имаат церемонии.
Буквално секој ден бевме сведоци на групи луѓе облечени во традиционална облека кои одеа кон храмовите или организираа некакви собири.
Секако, имаше и траги-комични моменти кои додаваат посебен шмек на авантурата!
Бевме сместени длабоко во зеленилото, во џунглата, па блиските средби со локалната фауна беа неизбежни – наоѓавме пајаци, импозантни лебарки, па дури и симпатични гуштери како „цимери“ во собата.
Човек брзо се навикнува и тоа станува дел од автентичната приказна, но дефинитивно беше интересно и незаборавно искуство.
Но, врвот на целото искуство, моментот кој го направи ова патување апсолутно незаборавно, се случи на едно од најспектакуларните места кои ги видовме – познатата Diamond Beach на Нуса Пенида.
Таму, со неверојатниот поглед кон тиркизното море или во нашиот случај ѕвезденото небо и импозантните карпи што ја опкружуваат плажата, собрав храброст и ја запросив мојата девојка.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





