Александар од Кавадарци ја запроси саканата во Барселона – на тераса со многу рози, свеќи и поглед кон Саграда Фамилија
- Детали
- четврток, 21 мај 2026
„Запросувањето го смислив сам, имав договорено со екипа од Барселона за украсување и изнајмување на просторот како и останати детали. Откако рече „да", првото нешто што ѝ го кажав, беше колку сум среќен и сакам целиот живот да го поминеме заедно“ - раскажува за CRNOBELO.com Александар (28).

Александар Димков и Соња Ралева од Кавадарци се во врска 13 години, а на неодамнешното патување во Барселона, таа му кажа „да“ на партнерот.
28-годишниот кавадарчанец се потрудил запросувањето да биде романтично, со многу декорации, натпис и прекрасен поглед кон Саграда Фамилија.
На терасата која ја изнајмил има букет цвеќе, многу латици од рози, свеќи и светлечки натпис на кој пишува „Дали ќе се омажиш за мене?“.
За идејата, организацијата и емоциите, Александар за CRNOBELO.com раскажува:
„Барселона ја избрав бидејќи отсекогаш ми беше желба да ја посетам, има посебна атмосфера, романтика и прекрасни места како Саграда Фамилија која не ја избрав случајно.
Освен што е едно од најубавите места во Барселона, самото име „Фамилија" за мене имаше посебно значење, бидејќи токму таму сакав да го започнеме нашето идно семејство.
Затоа и тој момент ми беше уште поемотивен и поспецијален.

Планирав подолго време, но моментот за во Басрселона ми беше клучен и сè испадна по план, а прстенот го криев кратко време но внимателно.

Нејзината прва реакција беше преемотивна и шокирана од целиот настан и поглед, беше пресреќна, не се опишува моментот со зборови.
Јас имав мала трема, особено пред самиот момент, но возбудата и емоциите беа посилни од сè.

Запросувањето го смислив сам, имав договорено со екипа од Барселона за украсување и изнајмување на просторот како и останати детали.
Не беше многу тешко, бидејќи Барселона сама по себе е магична.
Погледот кон Саграда Фамилија го избрав затоа што е едно од најубавите и највпечатливи места таму.

Најмногу ќе го паметиме моментот на запросувањето, но и целата атмосфера во Барселона, по прошетките, емоциите и чувството дека ни се случува нешто посебно.
Откако рече „да", првото нешто што ѝ го кажав, беше колку сум среќен и сакам целиот живот да го поминеме заедно.

Прстенот го избрав сам, но побарав и мислење од блиски луѓе за да биде совршен избор.
Семејството и пријателите беа пресреќни за нас. Веднаш добивме многу честитки, пораки и убави зборови.
Би сакале свадбата да биде романтична, исполнета со блиски луѓе и убава атмосфера. Засега сè уште размислуваме каде точно би била“.



©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
М. М. | Црнобело