Софија Јаневa за пикникот со синот: „Пред бебе - чанта со телефон, кармин, огледалце, после бебе - 3 чанти, пелени, влажни марамчиња“

„Некогаш пикник во парк значеше: седиш на ќебе, сонце, пријателки... Денес? Пикник во парк значи: со една рака го лулаш бебето, со другата држиш ладно кафе, со третата (која не постои, ама ти фали) се обидуваш да го зачуваш моментот и да направиш некоја фотка“, вели искрено и шеговито Софија Јанева.

sofija-janeva-pred-bebe-chanta-so-telefon-karmin-ogledalce-posle-bebe-3-chanti-peleni-vlazhni-maramchinja-01.jpg

Софија Јанева е една од нашите инфлуенсерки која постојано зборува отворено за мајчинството и за тоа колку и како се променил нејзиниот живот откако го добила синот Матео.

Овој пат таа на шеговит начин прикажува како изгледало нејзиното одење на пукник со пријателките некогаш, а како изгледа денес со бебе.

Нејзината објава, во која ќе се пронајдат многу мајки, гласи:

„Некогаш пикник во парк значеше: седиш на ќебе, сонце, пријателки, грицки и евентуално некој филозофски муабет за животот.

Денес? Пикник во парк значи: со една рака го лулаш бебето, со другата држиш ладно кафе, со третата (која не постои, ама ти фали) се обидуваш да го зачуваш моментот и да направиш некоја фотка.

Денешниот пикник со моите пријателки ме потсети на тоа колку малите моменти се големи и колку животот е поразличен пред и после бебе.

1. Пред бебе: Чанта = телефон, кармин, огледалце.

После бебе: 3 чанти = една за мама, втората за бебето, а третата е магацин на пелени и влажни марамици

sofija-janeva-pred-bebe-chanta-so-telefon-karmin-ogledalce-posle-bebe-3-chanti-peleni-vlazhni-maramchinja-05_copy.jpg

2. Пред бебе: Доаѓаш на пикник на време.

После бебе: „Ќе тргнеме во 10“ значи „ќе излеземе во 11 ако не се искака бебето...“ (спојлер: се искака)

sofija-janeva-pred-bebe-chanta-so-telefon-karmin-ogledalce-posle-bebe-3-chanti-peleni-vlazhni-maramchinja-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Софија Јанева: „На 40 дена син ми се разболе од RSV вирус, бевме на интензивна нега, со мало бебе шт... „Матео, точно на 40 дена, се разболе од RSV virus. Отидовме на интензивна нега, ...
Софија Јанева по првиот роденден на синот: „Ниту една мајка не сака да чуе - Паѓа срцева акција, мор... „Породувањето беше искуство што засекогаш ме промени, но уште 1.000 пати би поми...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Бебе родено во Скопје со 1.100g и срцева мана, по 50 дена си оди дома со 2.100g - Го оперирал д-р Ча... „По 50 дена континуирана борба, денес ова бебе се испишува во одлична општа...
Мајката на Андреј, кој загина во Кочани: „На телефонот што ни го вратија беше отворен контакт кон ме... „Минатата година, на денот на погребот, кога бев клекната да фрлам земја врз ков...

Најчитани неделава