Таско за децата: „Синот учи од постапките на таткото, ќерката си создава слика каков маж заслужува“

„Сфатив дека јас секогаш сум учел преку пример, не преку збор. Сфатив и дека децата не ги слушаат само зборовите - тие ги впиваат постапките, енергијата, ставовите. А за едно дете, таткото е првиот херој“, вели Таско, кој има син и ќерка.

tasko-za-decata-sinot-uchi-od-postapkite-na-tatkoto-kjerkata-si-sozdava-slika-kakov-mazh-zasluzhuva-01.jpg

Раперот Христијан Тасковски Таско, кој од Нова година сврте нов лист во животот и почна да го менува на подобро, со секој измина месец, јавно зборува за својот напредок, за промените кои ги прави и работите во кои се труди да е подобар.

Откако зборуваше за борбата со алкохолот и своите демони, но и вежбањето како одличен начин да се посвети на себе, сега, се осврна на татковството, односно на своите син и ќерка, па откри што научил како татко, но и каков татко сака да биде.

Тој вели дека децата учат од примерот кој го гледаат пред себе, па на Инстаграм сподели видео на кое си игра со својот скоро 2-годишен син, Лукијан.

tasko-za-decata-sinot-uchi-od-postapkite-na-tatkoto-kjerkata-si-sozdava-slika-kakov-mazh-zasluzhuva-03_copy_copy.jpg

Во пораката на видеото, Таско напиша:  

„Пет месеци чисто и здраво тело, ум и дух. Гледајќи го клипов почнав да размислувам каков татко сум јас.

Сфатив дека јас секогаш сум учел преку пример, не преку збор. Па, оттука и тргнав кон учењето на моите деца.

Сфатив дека децата не ги слушаат само зборовите - тие ги впиваат постапките, енергијата, ставовите.

За едно дете, таткото е првиот херој, првиот водач, првиот пример за тоа каков треба да биде човекот.

tasko-za-decata-sinot-uchi-od-postapkite-na-tatkoto-kjerkata-si-sozdava-slika-kakov-mazh-zasluzhuva-02.jpg

Синот гледа во татко му и тивко си вели: „И јас сакам да бидам како тато“. Гледа како оди, како зборува, како се однесува со мајка му, како се справува со проблемите.

Секој потег е лекција. Секое молчење или збор - порака. Синот учи како да биде маж преку тоа каков маж е неговиот татко.

tasko-za-decata-sinot-uchi-od-postapkite-na-tatkoto-kjerkata-si-sozdava-slika-kakov-mazh-zasluzhuva-05.jpg

Ќерката, пак, низ однесувањето на таткото учи што значи љубов, грижа, почит.

Таа несвесно си создава слика за тоа каков маж заслужува еден ден. Ако таткото е добар, присутен, чесен и силен со срце, таа ќе бара некој како него.

tasko-za-decata-sinot-uchi-od-postapkite-na-tatkoto-kjerkata-si-sozdava-slika-kakov-mazh-zasluzhuva-04.jpg

Таткото е жив пример. Затоа, не дозволувај други луѓе, екрани или друштва да бидат пример за твоето дете.

Биди ти тој. Облечи се со достоинство, зборувај со мудрост, постапувај со љубов, давај му мотивација и секогаш запомни - некои мали очи те гледаат и мали срца те следат.

Ти си татко. Биди херојот кој твоето дете заслужува да го гледа секој ден. Каков татко си ти?“

tasko-za-decata-sinot-uchi-od-postapkite-na-tatkoto-kjerkata-si-sozdava-slika-kakov-mazh-zasluzhuva-07.jpg

Погледнете го видеото:

Прочитајте и Таско за татковството: „Најстресно ми беше кога Лукијан првпат се разболе“

Би можело да ве интересира:

Таско (29) за борбата со алкохолот: „Чист сум 8 месеци, си признав дека имам проблем и ги фрлив шиши... „Пиев 15 години. Секој втор ден, алкохолот ми беше сè - утеха, бегство, изговор....
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Ќерката на Наташа Малинкова блеска во Париз и Ница - гените се чудо, згодна како мајка ѝ Таа во фокус ги стави своите долги нозе... Султана Малинкова е згодна како и мај...
Лозано објави фотка со синот на мотоцикл - сега и неговата сакана Сава го покажа кул аутфитот на син... Влатко Лозаноски сè почесто почна да споделува детали од приватноста со фановите...

Најчитани неделава