Кениски фудбалер, што игра за белградски клуб, очекува дете со српска пејачка: „Горд сум на тебе“
- Детали
- вторник, 13 мај 2025
Тара Стојановиќ стана позната по учеството во „Пинковите ѕвездички“, а сега е во фокусот на јавноста поради нејзината интернационална љубовна приказна. Таа објави и труднички фотографии.
Ричард Одада е кениски фудбалски репрезентативец, роден во Најроби.
Игра како дефанзивен играч од среден ред и во својата кариера има настапувано за неколку клубови во Европа и Северна Америка.
Тој моментално игра за ОФК „Београд“, како позајмен играч од „Данди Јунајтед“.
Неодамна Ричард на својот Инстаграм профил сподели објава посветена на неговата сопруга.
Во чест на Денот на мајката, тој напиша:
„Среќен Ден на мајката на најневеројатната жена на целиот свет, многу сум горд на тебе. Сопруго, те сакам...“
Со оваа објава Одада потврди дека е во брак и дека наскоро очекува принова.
Негова сопруга всушност е Тара Орада, односно некогаш Тара Стојановиќ.
Теодора - Тара Стојановиќ е млада српска пејачка која стана позната преку учеството во музичкото натпреварување „Пинковите ѕвездички“, каде што се истакна со својата енергија и вокални способности.
Повеќе фотографии од нив на следната страница...
Би можело да ве интересира:





