„Најневеројатната жена“ - Дарко Илиевски ѝ честиташе роденден на сопругата со фотка од плажа во САД и емотивна објава

„Ти благодарам што си мој партнер, мој мир и неверојатна мајка на нашите две прекрасни деца. Да те гледам како ги сакаш и се грижиш за нив (и за мене) е едно од најубавите нешта што сум ги видел“, вели Дарко Илиевски во емотивна објава за својата сопруга Ивана.

najneverojatnata-zhena-darko-ilievski-i-chestitashe-rodenden-na-soprugata-so-semejna-fotografija-od-plazha-vo-sad-01.jpg

Некогашниот македонски пејач Дарко Илиевски години наназад живее во САД со својата сопруга Ивана и двете деца.

Пејачот и неговата сопруга на своите деца им дадоа по две имиња, па така синот се вика Матео Ноа, а и ќерката - Ана Ирена.

najneverojatnata-zhena-darko-ilievski-i-chestitashe-rodenden-na-soprugata-so-semejna-fotografija-od-plazha-vo-sad-03.jpg

Парот ужива секој слободен миг да го минува на плажа, а вчера (13.05) со една фотографија од таков миг ѝ честиташе роденден на неговата сакана.

najneverojatnata-zhena-darko-ilievski-i-chestitashe-rodenden-na-soprugata-so-semejna-fotografija-od-plazha-vo-sad-02.jpg

Неговата емотивна објава:

„Денес ја славам најневеројатната жена што ја познавам - мојата сопруга, мојата најдобра пријателка и прекрасната душа која ги исполнува нашите животи со толку многу љубов.

Секој момент со тебе е благослов и секој ден му благодарам на универзумот, што те донесе во мојот живот.

Ти благодарам што си мој партнер, мој мир и неверојатна мајка на нашите две прекрасни деца.

Да те гледам како ги сакаш и се грижиш за нив (и за мене) е едно од најубавите нешта што сум ги видел.

Ми ги подари најголемите дарови што некогаш сум можел да ги посакам - нашето семејство и љубов за цел живот.

Нека ти е роденденот исполнет со радост, смеа и сè што ти посакува срцето.

Го заслужуваш тоа и уште повеќе. Те сакам!“

Прочитајте и Пејачот Дарко Илиевски се преполови: „Ослабев 64kg откако завршив во болница поради дебелината“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојче (6) од Скопје прослави роденден со 6-метарска реплика на куќата на Снежана и 7-те џуџиња (фо... „Одлуката за идејата и темата за роденденот, како и тортата е на Зои. Испадна во...
Дарко Влогс: „Првата сопруга ме тепаше, изневеруваше, се дрогираше и мене животот ми беше уништен“ Се запознале на брод, каде што Дарко работел, а таа била гостинка, потоа се допи...
Сопругата на Дејан Манасков со бебето, Елена Велевска ѝ прослави 18-ти роденден на ќерката: Што прав... Сани Богдановска ужива со 6-те миленици дома во опуштено издание, Ивана Кнез отк...
Сопругата на Андреј од ДНК објави емотивен спомен од него со ќеркичката - тој вели: „Мавни ѝ со рака... Наталија на Инстаграм Стори прво сподели емотивно видео со инсерти од кобната но...
Зои Блаж емотивно го слави 1-иот роденден на ќерката, откако пред 7 години ѝ кажаа дека нема да стан... „Ти благодарам што ме избра мене да бидам твоја мајка. Со тебе научив дека најуб...
Сестрата на Спире кој почина во Кочани, пушти 27 балони кон небото за неговиот роденден: „Те сакам б... „Среќен небесен роденден брат. Оваа година можам да ти подарам само 27 балони“, ...

Најчитани неделава