Браво! Ученици од с.Негорци воодушевија на изложба на мозаици: Ги изработувале околу 3 месеци
- Детали
- вторник, 20 мај 2025
„Имаме 26 мозаика кои ги спремавме околу 3 месеци. Учествуваа ученици од VI до IX одд, а во зависност од големината и изборот, на еден мозаик работеа од 2 до 5 ученика“ – вели учителката по ликовно во ООУ „Ристо Шуклев“ во Негорци - Анамарија Митриќеска Кал’чева.
Мозаикот е одлична активност која комбинира уметност, едукација и личен развој – на забавен и практичен начин.
„Најпрво благодарност до директорката и колегиумот кои имаат трпение и ни овозможуваат услови за работа на вака големи проекти, благодарност и до сите кои ни ги донираа материјалите и овозможија успешно завршување на проектот. Имаме 26 мозаика кои ги спремавме околу 3 месеци. Учествуваа ученици од VI до IX одд, а во зависност од големината и изборот, на еден мозаик работеа од 2 до 5 ученика.“
Процесот е доста интересен и пријатен за децата, од избор на скиците, кршење на плочките, редење, па се до завршниот дел фугирање и чистење. Ваквите активности ги развиваат когнитивните, социјалните и емотивните вештини, креативноста и естетика сè до културната свест. Мислам и се надевам дека во нашата земја треба да има повеќе вакви настани и посетеност, а децата да се што повеќе вклучени, за да може да се развива свеста за естетиката и културата во нив, што несомнено би довело до посветла иднина и способност за тимска работа“.
Изложбата е дел од Гевгелија град на културата 2025 година и ќе биде отворена за посета до 27.05.2025 во Уметничката галерија „Амам“.
Дел од процесот на изработка на мозаиците:
Би можело да ве интересира:





