Ангела од Битола е кул матурантка во фустан со впечатлив крој - дизајниран од нејзината тетка
- Детали
- вторник, 27 мај 2025
„Фустанот што го носев на мојата матурска прослава беше вистинско ремек-дело, создадено од рацете на мојата тетка, а најимпресивниот детаљ беше задниот дел со елегантно испреплетени врвки, кои додаваа драматичност“, вели Ангела Гарабиљевиќ (18) од Битола за CRNOBELO.com.
Ангела Гарабиљевиќ (18) од Битола е матурантка во средното училиште „Јосип Броз Тито“ во Битола.
Покрај училиштето, активно се занимава со глума и изучување на странски јазици - две области за кои вели дека ѝ овозможуваат да се изразува слободно, креативно и со страст, исто како и модата.
На нејзината матурска забава таа се појави во впечатлив фустан со специфичен крој, кој е креација на нејзината тетка, позната модна дизајнерка од Битола, Славица Јанкуловска – Цаци.
За CRNOBELO.com Ангела открива детали за нејзиниот стајлинг:
„Фустанот што го носев на мојата матурска прослава беше вистинско ремек-дело, создадено од рацете на мојата тетка – реномиран моден дизајнер од Битола, чиј креативен печат се препознава во секој модел.
Целокупната идеја, од иницијалната замисла до конечната изработка, беше нејзина.
Инспирирана од силуетата на корсетот, таа креираше уникатно парче со софистициран и женствен карактер, а најимпресивниот детаљ беше задниот дел со елегантно испреплетени врвки, кои додаваа драматичност и софистицираност на целокупниот изглед.
Токму креативниот дух на мојата тетка, нејзиниот посебен пристап кон модата, како и храброста да експериментира со форми, материјали и силуети, ја прават уникатна во нејзината работа.
Нејзината способност да создава екстравагантни, но префинети парчиња резултира со автентични изгледи кои оставаат впечаток, а токму таков беше и мојот матурски стајлинг.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





