Македонка си го истетовира потписот на докторката што ѝ го вратила видот: „Од 7 години носев очила“

„Додека ми траеше опоравувањето од операцијата, на 9-тиот ден, одлучив дека сакам да си истетовирам потпис на докторката на мојата лева рака, бидејќи ми реши голем долгогодишен проблем“ - вели младата девојка која засекогаш ќе го има врежано на себе името на докторката која ѝ направила ласерска корекција на диоптријата. 

makedonka-si-go-istetovira-potpisot-na-doktorkata-shto-i-go-vratila-vidot-od-7-godini-nosev-ochila-01.jpg

На социјалните мрежи кружи интересно видео кое е доказ колку пациентите се благодарни на докторите кои ќе им го вратат видот, а ова ќе го разберат сите оние кои некогаш имале некаков проблем со очите. 

Како чин на благодарност, млада Македонка решила да го истетовира потписот на докторката која ѝ го решила проблемот со диоптријата, со помош на ласерска корекција.

Девојката, од својата 7-ма година носела очила, потоа почнала да носи леќи, но заради тоа што ѝ пречеле, со оглед на тоа што играла фудбал, се решила на овој храбар чекор.

makedonka-si-go-istetovira-potpisot-na-doktorkata-shto-i-go-vratila-vidot-od-7-godini-nosev-ochila-03.jpg

Како симбол на доверба, надеж и благодарност, пациентката уште за време на закрепнувањето по операцијата, решила да стави тетоважа во чест на докторката, па сега на нејзината рака има нацртано очила, око и најдолу нејзиниот потпис. 

makedonka-si-go-istetovira-potpisot-na-doktorkata-shto-i-go-vratila-vidot-od-7-godini-nosev-ochila-04.jpg

Оваа необична и инспиративна приказна ја споделија од приватната болница во Скопје каде е извршена ласерската корекција, а во видеото кое го објавија, девојката вели: 

„Првите денови додека ми траеше опоравувањето, на 9-тиот ден, одлучив дека сакам да си истетовирам потпис на докторката на мојата лева рака, бидејќи ми реши голем долгогодишен проблем.

Се одлучив за ласер, бидејќи од 2007-ма година, од 7 години до 14 носев очила, па се одлучив за леќи кои ги носев до 2022, но ми сметаа затоа што играв 15 години фудбал, па откако се оперирав со ласер веќе бев одлично и дури го препорачав и на другар“.

Кликнете на видеото:

Доколку сакате да споделите некоја интересна и позитивна приказна од вашето секојдневие, која ви се случила вам или на која сте биле сведок, пишете ни на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена на 58 години забремени со тројка во болница во Македонија – Таа била 5 години во менопауза „Годините не ја запреа желбата за мајчинство. Тројна бременост со ин витро кај п...
Вирална објава на Македонка: „Ќе заглавиш со маж што ќе те тепа секој ден, а ќе ти викаат ‘Дај му ша... „Ќе заглавиш со некое говедо кое ќе те тепа секој ден, а комшиите ќе си ќутат за...
Миа Костова со синот: „Пред 10 години во Охрид со старките за кои собирав пари и ги носев само ако з... Миа Костова за тоа како се справувала како самохрана мајка и го растела Андрија ...
Вело Марковски е 35 години постар од сопругата - Наши и регионални парови со голема разлика во годин... Лазар Ристовски по разводот повторно најде љубов и тоа со актерка која е скоро 4...
Миа Костова за изгледот: „Првпат ставив ботокс на 30 години, се каам за некои импулсивно ставени тет... „Користев филери во уста и само еднаш во јаболчници пред 3 години последен пат. ...
Елвир Мекиќ: „Бев фан на Магија, со 57-ца стигнав во Радишани и заѕвонив на врата кај Јован за да ми... „Тогаш првпат во животот отидов во Радишани. Прашав каде живее Јован и ми ја пок...

Најчитани неделава