Љупка Митрова и Георги на меден месец во Монте Карло по раскошната свадба во Грција
- Детали
- четврток, 29 мај 2025
Откако минатиот викенд направија мала, но раскошна свадба на Халкидики, Љупка Митрова и нејзиниот сопруг Георги, заминаа на меден месец во еден од најмонденските градови на француската ривиера.
Македонската инфлуенсерка и сопственичка на модното студио Mitroff, Љупка Митрова, по раскошната свадба во Грција, со сопругот Георги замина на меден месец.
Парот го избра Монте Карло како дестинација за нивното медено патување.
По пристигнувањето во Монте Карло, Љупка на својот Инстаграм сподели неколку фотографии направени во еден од најмонденските градови во Европа, и хотелот Hotel de Paris, во кој се сместени.
Таа откри дека во хотелот биле пречекани со латици од рози распослани на креветот, како романтичен симбол на медениот месец, но и убава порака за добредојде.
Љупка објави и фотки од скапите автомобили кои може да се видат во Монте Карло, но и од луксузниот изглед на хотелот, чие лоби е секогаш преплавено со свежи и раскошни цветни аранжмани.
За потсетување, Љупка и Георги минатиот викенд направија мала, но раскошна свадба во ресорт на Халкидики, а невестата смени три венчаници, кои беа дизајнирани по нејзина желба.
Погледнете повеќе фотографии од медениот месец на Љупка и Георги:
Повеќе фотографии на следната страница...
Би можело да ве интересира:





