Пејачот Филип Пецовски си ги зеде сопругата и новорoденото синче од болница: „Добредојде дома бебе“
- Детали
- четврток, 29 мај 2025
Кратко по трудничката фотосесија која ја објавија со сопругата, Филип Пецовски стана татко на синот кој доби моќно име – една недела по породувањето, тој си ги зеде сопругата и синчето од болница.
Нашиот пејач Филип Пецовски, кој се прослави во „Ѕвездите на Гранд“, стана татко.
Неговата сопруга Марија, на свет донесе момче, кое го доби името Николај.
Николај е варијанта на името Никола, а означува победа на народот.
На 22 мај, Филип на Фејсбук напиша: „Добредојде сине, Николај“, а речиси една недела подоцна, вчера, објави фотка со саканата и новороденчето во транспортер, додека позираат при излегување од болница со сини балони.
„Добредојде дома, момче“ – напиша тој и во описот на објавата стави емотикон од бебе и од лавче.
Инаку, Филип и Марија се венчаа во февруари 2025, седум месеци откако тој ја побара за сопруга, а двајцата имаа уникатни свадбени аутфити.
Веста за приновата, тој ја објави во април 2025, со фотосесија на Козјак, каде држат ехо-снимки и носат капи со натпис „Тато“ и „Мама“.
Кратко пред породувањето објавија и трудничка фотосесија, погледнете ја во продолжение:
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





