Каролина Гочева ќе ве наежи со емотивна изведба на песна од Тоше Проески: „Бевме многу блиски другари“
- Детали
- вторник, 03 јуни 2025
„Во стабилен брак сум 8 години, никогаш не сакав да се омажам ради-реда само зашто луѓето прашуваат“ – вели Каролина во српска емисија за сопругот Михаил, а во гостувањето зборуваше и за дружбите со Тоше, па а капела ја отпеа неговата „Тајно моја“ – изведба која ќе ве наежи.
Каролина Гочева периодов ја промовира својата нова песна, а неодамна имаше повеќе гостувања во српски емисии, па во 24 часа, таа „растури“ и беше на 3 снимања.
Во едно од гостувањата, во емисијата „Spika&Prilika“, таа беше гостинка заедно со Бојан Маровиќ и со Наташа Михајловиќ од Фрајле.
Нашата пејачка се отвори за љубовниот живот, па накратко сподели дека долго време ја прашувале „кога ќе се омажиш“, но и дека е среќна што го нашла човекот што го сака и е среќна.
„Во стабилен брак сум 8 години, а скоро 10 години сме заедно со сопругот. Не сакав никогаш да се омажам само затоа што дошло време и тоа треба да се случи.
Ништо не треба, само треба да си среќен. Кога ја поминав 30-тата година, сфатив дека немам порив да бидам во брак, иако секогаш имав долги врски, си ветив дека нема да го направам тоа ради реда, за да престанат да ме прашуваат.
Ако дојде време, ќе дојде“ – вели таа искрено.
Водителот не пропушти да го спомне и Тоше Проески, велејќи дека Каролина и Бојан ги спојува еден човек, кој сега веќе е ѕвезда на небото.
„Има еден човек што ве поврзува и за жал не може да биде тука со нас, но некако е ангел. Ни се случивте сите во исто време и почнавме да ве сакаме... Знаете за кој се работи, нели?“ – вели тој.
Каролина се потсети на дружбите со него и соработката уште од времето кога се запознале и имале многу заеднички настапи и турнеи.
„Јас го знаев уште од некој фестивал, тој учеше во музичко училиште во Битола. Во тоа време и јас не се занимавав сериозно со музика. Беше можеби 98-ма година, јас имав 18, а тој беше малку помлад од мене, околу 17 години.
Во тоа време тој работеше со Авалон, а потоа се приклучив и јас, па имавме многу заеднички патувања и настапи, а оваа песна „Немир“ многу нè спои.
Си гостувавме на концерти, заедно бевме на „Сунчане скале“, па имавме некоја турнеја во Австралија...
Дури и приватно се дружевме, секој ден ќе се слушневме да си споделиме што ни се случило. Бевме... другари. Како брат и сестра, иако во медиумите пробуваа да извртат некоја приказна“ – искрено раскажува Каролина за Тоше.
При крајот на емисијата, таа непланирано, а капела ја отпеа неговата песна „Тајно моја“, а изведбата ќе ве наежи:
Изведбата на нејзината нова песна „Mog života dio“:
Целото гостување во емисијата:
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





