Македонски иселеник снима хит видеа во Германија - Сузана Гавазова кај него открива: „Сакам да се сончам топлес“

„Во последно време сè повеќе македонски изведувачи настапуваат низ Германија, некогаш самите организатори на забавите ме контактираат, а со некои контактирам директно на социјалните мрежи“, вели Николче Талевски од Демир Хисар за CRNOBELO.com.

makedonski-iselenik-snima-videa-vo-germanija-mu-gostuvashe-suzana-gavazova-sakam-da-se-soncham-toples-i-toa-mi-pravi-problemi-01.jpg

Николче Талевски од Демир Хисар, дипломиран економист, по своите студии се вработил во странска инвестициска компанија во неговиот роден град, каде што работел 7 години како „менаџер на организационен процес на претпријатието“.

Но, по останувањето без работа, одлучил да се пресели во Германија.

makedonski-iselenik-snima-hit-videa-vo-germanija-suzana-gavazova-kaj-nego-otkriva-sakam-da-se-soncham-toples-001.jpg

Во Германија живее околу 5 години каде што основал и свое семејство, односно станал сопруг и татко. Неговата сопруга Јулија е Украинка и заедно имаат син.

Николче на Инстаграм има повеќе од 13.000 следбеници со кои постојано споделува интересни детали од животот во Германија, а од неодамна почна да снима и забавни видеа.

Во едно од неговите видеа гостинка му е Сузана Гавазова, која одговара на некои негови забавни прашања.

Овој серијал се вика: „На кратко со...“, овој пат Сузана Гавазова, a видеата ги споделува на Фејсбук и Инстаграм.

Сузана, преку одговорите открива:

„Од сончање топлес или по бикини, секогаш бирам топлес. Тоа секогаш ми прави проблеми, но сакам да си се сончам топлес.

Да не бев пејачка, ќе бев молерка.

Од Македонија или Шведска, секогаш ја избирам Македонија, а од тренерки или фустан – фустан. Јас сум секогаш за фустан.

Сакам посна сарма, а дует би снимила и со Цеца и со Карлеуша“.

Kликнете на видеото:

Николче за овој серијал за CRNOBELO.com вели:

„Во последно време сè повеќе македонски изведувачи настапуваат низ Германија, некогаш самите организатори на забавите ме контактираат за да направиме видео промоција на настанот, (бидејќи сум единствен во Германија кој прави видео реклами), а со некои контактирам директно на социјалните мрежи.

На Сузана Гавазова ѝ пишав директно на Инстаграм и се договоривме пред неколку месеци да снимаме кога требаше да настапува во Минхен, но бидејќи тој настап се откажа поради немилиот настан во Кочани, пред неколку дена имаше настап во Штутгарт и таму се сретнавме и го снимивме видеото.

Сакам да се заблагодарам до сите македонски музички изведувачи кои се големи професионалци во комуникацијата и ја прифаќаат мојата понуда да ми бидат гости“.

makedonski-iselenik-snima-videa-vo-germanija-mu-gostuvashe-suzana-gavazova-sakam-da-se-soncham-toples-i-toa-mi-pravi-problemi-02_1.jpg

Прочитајте и Николче има сопруга Украинка: „Ја запросив во Украина, синот ни се роди во Германија, а свадба ќе правиме во Демир Хисар“

Повеќе видеа од Сузана Гавазова (Кликнете на видеата):

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Горан Папаз ја возвишува сопругата за годишнината, откако му роди 3 деца: „Ти си повеќе од тоа што с... „Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе...
Моника живее во Дубаи: „Весна Петрушевска за мене е како втора мајка, Мина ми е повеќе од сестра, а ... „Почнав како административец во финансиски оддел, а денес сум менаџер во областа...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Македонски психолог за маките на клиентите кои се отселиле од Македонија: „Им недостигаат луѓе, глас... „Овој пост е инспириран од моите клиенти кои повеќе не живеат во Македонија. Сел...
„Ти си мое сè, секогаш има некој покрај тебе принцу мој“ – Перо Антиќ и Ружица со емотивни објави за... За 13-тиот роденден на средниот син Павел, Ружица објави емотивно видео во кое п...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...

Најчитани неделава