„Детска радост, првпат море“ - Даниел Кајмакоски ужива на одмор со сопругата и двете деца
- Детали
- среда, 04 јуни 2025
Даниел Кајмакоски секогаш нагласува колку за него е важно семејството и изгледа со втората сопруга Марина го пронајде својот мир и среќа. Парот замина на море, а Даниел откри дека ова е прва средба со морето на неговиот 2-годишен син Стефан, како и на 6-месечната ќерка Емилија.
Даниел Кајмакоски замина на патување со сопругата Марина и нивните две деца.
Тој го посети и Вишеград во Босна и Херцегвина, но не откри каде се на море.
Во градот се наоѓа мостот опишан во книгата на легендарниот писател и нобеловец Иво Андриќ - „Мостот на Дрина“.
Прочитајте повеќе за Вишеград - „Бев во Босна, со автобус од Скопје патував една ноќ - Сараево ме трогна, а Мостар ме восхити“
Даниел објави фотографија од својот син Стефан и во описот на Инстаграм Стори напиша: „Детска радост. Првпат море“.
Со семејната фотографија, пак, сподели: „Отвораме сезона...“
Ќерката ја добија во ноември 2024 година, а синот во април 2023 година.
Постари фотки од нив:
Прочитајте и Даниел Кајмакоски 'рчи додека ја чува ќерка си - сопругата го снима и се шегува
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





