Здравко Чолиќ ужива во Берово по концертите во Скопје - Го пречекаа децата од „Златно славејче“ со негова песна
- Детали
- петок, 06 јуни 2025
Откако три вечери по ред одржа три маестрални концерти во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, Здравко Чолиќ замина да се одмори и опушти во Берово.
Балканската музичка ѕвезда, Здравко Чолиќ, веќе неколку дена престојува во Македонија.
Тој најпрво беше во Скопје, каде што одржа три последователни концерти и трипати ја наполни арената „Борис Трајковски“.
И додека публиката е сè уште под импресии на она што го доживеа на концертот на Здравко со симфонискиот оркестар, популарниот сарајлија реши да си даде оддишка и замина во нашето убаво Берово.
Но, уште на самото пристигнување во хотелскиот комплекс во градот, го пречекаа децата од хорот „Златно славејче“.
Одејќи кон него, му ја пееја Pusti, pusti, modu а потоа и една од песните испеани на овој детски фестивал.
Здравко, пак, во манир на вистински џентлмен, се поздрави со сите, поразговара со нив и се фотографираше за спомен.
Прочитајте и Здравко Чолиќ за CRNOBELO: „Сопругата ме ‘врза’ со толеранцијата, јас никогаш не сакав да се женам“
Би можело да ве интересира:





