„Бев на 'Глумците пеат' - експлозија од енергија, а Весна Петрушевска со драг кралиците беа кулминација на вечерта“
Нина Деан и Наталија Теодосиева зрачеа со сексапил и самодоверба на сцената, а на ист начин издоминира и битолската актерка Маја Андоновска Илијевски.
Но, кулминацијата на вечерта беше кога на сцената се појави Весна Петрушевска во придружба на неколку драг кралици со навистина впечатливи аутфити.
Таа моќно ни отпеа „Strong Enough“, среде нејзините здравствени битки и предизвици и ние навистина веруваме во тоа – таа е доволно силна за да се избори со сè, таа е поим за моќна жена и за актерка од највисок ранг.
Инаку драг кралици се изведувачи (најчесто мажи) кои се облекуваат во женска облека и создаваат претеран, често гламурозен или карикатурален женски изглед за уметнички настапи. Тие користат драматична шминка, перики, екстравагантни костими за да создадат силен сценски лик.
По Весна Петрушевска, на сцената се појави и Игор Ангелов, кој облечен во црно од глава до петици воодушеви со настапот, но и со говорот во кој им се заблагодари на сите свиркачи и кодоши, нормално во духот на сценариото од годинешното „Глумците пеат“.
Од Мадона со Џорџ Мајкл на сцената слушнавме низа хитови и тоа: „Like a Prayer“, „I’m So Excited“, „Freedom“, „Man I Feel Like a Woman“, „Everybody Needs Somebody to Love“ итн.
Марин Бабиќ, основачот на култната манифестација „Глумците пеат“, за жал, прерано го изгубивме во 2022 година, но неговите ќерки наследнички Маја и Ира Бабиќ ја продолжија неговата традиција и ни ја вратија оваа манифестација во 2023 година и им благодариме за тоа.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





