„Бев на 'Глумците пеат' - експлозија од енергија, а Весна Петрушевска со драг кралиците беа кулминација на вечерта“
Ова беше манифестација на која видовме за што сè се способни нашите актери, каква енергија имаат и уште еднаш ни покажаа зошто вреди да го славиме театарот.
Од речиси акробатски изведби до вокали од кои кожата ви се ежи, ова шоу навистина понуди многу и веруваме дека ќе ни нуди и во годините кои допрва доаѓаат.
Сето тоа зачинето со силни светлосни ефекти и со забавни моменти како фрлање на пари по сцената и имаме незаборавна манифестација, која и овој пат беше во режија на Дејан Пројковски.
Диригент беше Љупчо Мирковски, кореографија - Олга Панго, а музичките аранжмани беа на Бобан Мирковски.
Македонија дефинитивно има културна публика, жедна за вакви настани.
Прочитајте и Атмосферата низ публиката на „Глумците пеат“ - Сите расположени, си потпевнуваат (фото)
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
фото: Александар Ристовски
Би можело да ве интересира:





