Сопственици на ресторан од Неготино воодушевени од скромноста на Здравко Чолиќ, кога му побарале автограм (видео)
- Детали
- понеделник, 09 јуни 2025
„Гест што само ја потврдува големината на една вистинска музичка легенда која ни беше гостин“, велат одговорните во еден ресторан во Неготино и споделуваат ситуација со Здравко Чолиќ.

Здравко Чолиќ одржа три спектакуларни концерти во Македонија, а за време на својот престој тука уживаше и во вкусна македонска храна и дружба со сите што го обожаваат.
Па, така беше и за време на посетата на еден ресторан во Неготино.


Сопствениците на ресторанот „Софра Вељанов“, кои се големи фанови на легендарниот пејач, не само што го угостијуа со вкусна храна, се фотографираа со него, туку го замолија ѝ да им потпише автограм на една штица, која ќе можат да ја закачат на ѕид во нивниот локал.

Тие на својот Фејсбук профил споделија како се одвивала оваа ситуација и колку всушност Здравко е скромен.

Нивната објава гласи:
„Кога побаравме автограм на средина од даската која ќе биде врамена на ѕидот, тој со насмевка рече: „Јас ќе потпишам на почеток – да има место и за другите ѕвезди...“
Гест што само ја потврдува големината на една вистинска музичка легенда која ни беше гостин“.
Прочитајте и „Бев на концертот на Здравко Чолиќ, таква магија одамна не сум почувствувала - се ежев, се топев од емоции, ти благодарам легендо“
С. С. | Црнобело