Маја Оџаклиевска откри дека била во љубов со Бора Чорба: „Ми ја посвети ‘2 динара друже’, беше прекрасен човек“
- Детали
- вторник, 10 јуни 2025
„Не само убав, туку беше добар како добар ден. Да, прекрасен човек, многу прекрасен, трпелив, сталожен, пристоен и талентиран“ - вели Маја за починатиот фронтмен на Рибља Чорба, откако со децении и таа и тој криеле дека биле во врска.

Нашата легендарна пејачка Маја Оџаклиевска, која долги години живее во Србија, гостуваше во емисијата „Spika & Prilika“, која ја води еден од најпопуларните српски водители, Бошко Јаковљевиќ.
Покрај Маја, гостинка во емисијата беше и најпопуларната југословенска лото девојка, Сузана Манчиќ.
Се пееше, гостинките и водителот се смееја, уживаа, но разговараа и на многу различни и интересни теми.

А една од нив беше и љубовната врска на Маја со починатиот фронтмен на „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ.
Малкумина знаат дека тие биле во врска пред многу децении, и иако Бошко инсистираше да дознае повеќе за тоа, Маја не сподели многу работи, но сепак откри интересни работи, кои претходно, не ги споделила со јавноста.
„Бора Ѓорѓевиќ и јас се забавувавме во тоа време, јас настапував на ‘Београдско пролеќе“- почнува Маја, кога Бошко и Сузана ја прекинуваат, велејќи ѝ дека не го знаеле тоа и сакаат да ѝ постават уште некое прашање.

„Немој, прескокни го ова, прескокни го“, им одговара таа.
Но кога Бошко вели дека само сака да констатира дека се сеќава на Бора Чорба од тој период и дека бил исклучителен човек, а Сузана додава и дека бил убав, Маја им одговара:
„Не само убав, туку беше добар како добар ден. Да, прекрасен човек, многу прекрасен, трпелив, сталожен, пристоен и талентиран“.

Бошко ја прашува и дали некогаш ѝ испеал некој стих, на што Маја спомнува една од најпопуларните песни на бендот - „2 динара друже“.
„Колко кошта кад унутра плачем“ - вели таа.
Кликнете за да го погледнете видеото:
Таа во емисијата го испеа и нејзиниот евергрин, песната „Даљине“ од 1982 година.
Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело
