Писмото од мајката на Вања ги крши срцата: „Судскиот процес ми е како секој ден да ја погребувам ќерка ми, но морам - поради сите мајки“

Вања остави зад себе шокирани и скршени родители, роднини, братучеди, а пред сè - сестра која не знае како да го продолжи својот живот без неа.

Двете растеа со верба дека што и да се случи, ќе се имаат една со друга.

Детето кое го одгледував со љубов, со грижа, со соништа. И тие соништа – сите до еден – се одземени. Со ладнокрвност. Со злоба. Со нечовечност.

pismoto-od-majkata-na-vanja-gi-krshi-srcata-sudskiot-proces-mi-e-kako-sekoj-den-da-ja-pogrebuvam-kjerka-mi-no-moram-poradi-site-majki-03.jpg

Мината е година и пол. Но, јас ја живеам таа кобна недела секој ден. Како може некој да покаже сила врз живот што допрва започнувал?

Овој судски процес не ми дава мир. Тоа е мојот секојдневен пекол.

Ја буди траумата, тагата и ја врти лентата на болката одново и одново, како секој ден да ја погребувам Вања.

Но, јас морам да бидам дел од процесот, не од избор, туку од нужност. Морам да сум дел од процесот заради Вања, но и заради сите мајки.

Дали злото ќе добие казна што ја заслужува или ќе испратиме порака дека животот на дете не тежи ништо?

Почитуван Суде, вечерта кога ме однесоа за последен пат да си го видам своето мртво дете, низ плач му реков на инспекторот: „Немојте да дозволите ова да се случи на друго дете”.

Сега, го упатувам истиот апел и до вас – во оваа судница не се суди само за убиството на Вања – тука се суди за правото на секое дете во оваа држава да живее. Да расте. Да сонува.

Да не дозволите ова да се случи повторно! Вакво злосторство не смее да се толерира. Не смее веќе родители да плачат и да молат за правда.

А јас сега молам за правда.


Правда за Вања.

Ви благодарам".

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Македонка се пожали дека маж ја нападнал на улица: „Ти не си за мајка, вака ли се шета дете?!“ „Излегува повозрасен човек од обложувалниците што се кај Палма, ме застанува и м...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Јелена Спенџарска изреволтирана: „Пред камери мед и млеко им тече од уста, тие се најчесни - Луѓе, з... „Сигурно познавате личности што пред вас се „ми-ми-ми“, „хи-хи-хи“, а всушност с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg