„Ме викаше тате, толку бевме блиски“ - Наум Петрески не може да ги сопре солзите, првпат зборува за Андреј од ДНК
- Детали
- петок, 13 јуни 2025
„Андрејчо беше најхрабрата личност што ја познавав, имаше лавовско срце и немаше страв од никого. Толку бевме блиски што ме викаше тате. Како син си го сакав...“ - вели Наум Петрески низ солзи и со скршено срце, откако собра сила, три месеци по трагедијата, да зборува за својот близок пријател Андреја Ѓорѓиески од ДНК.

По трагедијата која се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16-ти март, цела Македонија беше завиена во црно, а огромен број срца останаа празни и скршени по загубата на најблиските.
Наум Петрески, кој беше многу близок со Андреја Ѓорѓиески од ДНК, на социјалните мрежи секој ден објавуваше фотографии со неговиот близок пријател, како спомен за нивните дружби и моменти поминати заедно.

Но сега, три месеци подоцна, по долгиот молк, тој за првпат собра храброст да излезе пред камера и да зборува за него.
И очекувано, емоциите го обземаа, солзите течеа неконтролирано што едвај ги сопира и успева да проговори.
Во интервју за Бекстејџ, кое ќе биде објавено во понеделник, тој си ја отвора душата целосно, додека срцето му се крши на парчиња.
Тие објавија две најавни видеа на кое се гледа како нашиот фолк пејач едвај собира сила да проговори, а во едно од нив вели:
„Андрејчо беше најхрабрата личност што ја познавав. Не беше корпулентен, висок, меѓутоа имаше лавовско срце и не се повлекуваше по никого и немаше страв од никого.
Толку бевме блиски што ме викаше тате. Како син си го сакав и планови имавме, ние требаше уште многу работи да правиме заедно“.
Кликнете на видеото:
Неколку дена претходно, на официјалниот профил на Бекстејџ, објавија видео со Андреј, извадено од архива, со кое се потсетија на неговата голема човечност.
„Беше емоција. Беше душа. Беше нашиот човек. Вечен. Непреболен. Андреја“ – стои под описот на видеото.
Во тогашното интервју за Бекстејџ, Андреј на видеото вели:
„Секогаш сум бил тоа што сум. Никогаш не сум бил некој Андреј од ДНК, туку сум си бил Андреја. И многу често сум излегувал будала, бидејќи кога ќе дадеш сè, веќе не си интересен.
Тоа е некоја чудна филозофија на луѓево. Сум бил повреден, но тие повреди ми биле инспирација и повод да се внесам во некоја од песните, да испеам поемотивно“.
Кликнете на видеото:
Прочитајте и Храбар до последниот здив, хуманитарец во душа - Сеќавање на Андреј Ѓорѓиески од ДНК
М. М. | Црнобело
