Mиа Костова за случајот што ја згрози Македонија: „Ужасно ме потресе видеото со тепањето на 4-годишно дете“
- Детали
- вторник, 24 јуни 2025
„Ужасно ме потресе видеото со тепањето на 4-годишно дете, уште повеќе ме потресува фактот што којзнае колку деца го трпат истово ама или никој не пријавува или институциите немаат слух или реагираат кога е веќе касно и кога како во еден случај мајката уби и татко и свекор“, гласи дел од објавата на Миа Костова за случајот со тепање на дете, кој ја згрози Македонија.

Видео на кое татко тепа 4-годишно дете, снимено и објавено од страна на мајката на детето ја потресе Македонија.
Таа потоа објави и фотографии од повредите на детето, направени од таткото во друга пригода.
Со крајна осуда за овој грозоморен чин јавно се огласија многумина на социјалните мрежи, а меѓу нив беше и Миа Костова.

Објавата на Миа Костова на Фејсбук:
„Ужасно ме потресе видеото со тепањето на 4-годишно дете, уште повеќе ме потресува фактот што којзнае колку деца го трпат истово ама или никој не пријавува или институциите немаат слух или реагираат кога е веќе касно и кога како во еден случај мајката уби и татко и свекор.
А сите вие кои вперувате прст во мајката и ви личи дека ‘снимала’ исто треба да сносите последици и не заборавајте дека многу често се удира од нос претпоставка која ја имате од дома меѓу вашите хармонични односи и преродителски ставови.
Да ја нема снимката, таткото уште ќе беше дома.
Искрено се надевам дека ќе биде пример и сила за секој еден родител да пријави а насилниците без исклучок да завршат таму кај што сонцето никогаш не свети. Да ги јадат истите шамари со години зад решетки додека надвор нивните деца се лечат од трауми“.

С. С. | Црнобело