„Имате ли ум, бедници“ - Џамбазов реагира на лажното видео на кое тој напаѓа човек и е уапсен

Лажното видео е измонтирано како прилог за една локална телевизија, со бомбастичен наслов: „Игор Џамбазов ги нападна претставниците на фармацевтската индустрија со зборовите: Убијци во бели мантили“, дополнето со фотографии на кои тој е уапсен и со лисици на рацете. 

imate-li-um-bednici-djambazov-reagira-na-lazhnoto-video-na-koe-toj-napagja-chovek-i-e-uapsen-01.jpg

Изминатиов период на интернет се шират лажни видеа или фотографии со познати личности од Македонија, кои ги вознемирија и оние кои се жртви на сајбер криминал, но и јавноста.

Последната од низата лажни информации кои се пласираа јавно, е видео направено со вештачка интелигенција, а во кое „главниот лик“ е Игор Џамбазов.

imate-li-um-bednici-djambazov-reagira-na-lazhnoto-video-na-koe-toj-napagja-chovek-i-e-uapsen-04.jpg

Видеото е измонтирано како прилог за една локална телевизија, со бомбастичен наслов: „Игор Џамбазов ги нападна претставниците на фармацевтската индустрија со зборовите: Убијци во бели мантили“.

На фотографијата, пак, шоуменот е во лисици, додека двајца полицајци го спроведуваат пред суд.

„Скандалот ја потресе целата земја. Тој се нафрли со тупаници на група фармацевти, нарекувајќи ги бандити во бели мантили, откако тие го забранија лекот на доктор Илир Демири, средство за кое актерот вели дека го спасила од инвалидска количка“ - се зборовите кои ги „кажува“ репортерката од терен.

imate-li-um-bednici-djambazov-reagira-na-lazhnoto-video-na-koe-toj-napagja-chovek-i-e-uapsen-02.jpg

По ова, следува лажно интервју со Игор, односно, измонтирани зборови на снимка од едно негово скорешно интервјуа.

„Пред три години бев на работ на инвалидска количка. Секое утро му се молев на Бога да ме ослободи од болката, не можев повеќе да ги правам работите што ми носеа радост.

Ненадејни и остри болки во грбот ме тераа да паѓам на колена.

Лекарите поставија артритис и компресија на нервите на пршлените. Ми припишаа лекови против болки, инјекции, масажи и физиотерапија.

Потрошив стотици илјади денари без никаков резултат“ - вели, меѓу другото, глас за кој луѓето би требало да поверуваат дека е на Игор.

imate-li-um-bednici-djambazov-reagira-na-lazhnoto-video-na-koe-toj-napagja-chovek-i-e-uapsen-06.jpg

И иако гласот потсетува на Игор, лесно се препознава дека не е тој.

Ова беше доволна провокација за Џамбазов да реагира јавно. Тој го сподели видеото на својот Инстаграм профил.

„Е не сте нормални... вие што го смисливте ова.

Колку што јас бев во инвалидска количка, толку вие да бидете среќни и успешни луѓе!

Имате ли ум вие воопшто? Оти мозок немате, евидентно.

И да, заборавив. Срам да ви е! И арам!

П.С. Башка од авион се гледа дека ‘тепачот’ е Тони Михајловски, не сте се потрудиле баш. Ни ова не знаете да го направите ко што треба.

Бедници...“ - напиша тој.

imate-li-um-bednici-djambazov-reagira-na-lazhnoto-video-na-koe-toj-napagja-chovek-i-e-uapsen-05.jpg

Реакциите на пријателите и следбениците на Игор се измешани - од лутина, до згрозување и неверување колку се некои луѓе спремни да одат далеку за да напакостат некому или да пробаат да искористат туѓо име и лик за да добијат или продадат нешто.

Инаку, не е првпат Игор да е мета на лажни вести.

Во минатото, за него неколкупати се зборуваше дека е итно однесен во болница, дека е опериран, дека животот му е загрозен, дури и дека починал, по што мораше да реагира јавно и да ги демантира овие информации.

Погледнете го видеото:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Игор од Прилеп ја запроси саканата Елена на магична локација покрај езерото Комо во Италија (фото) Игор Јанкоски од Прилеп, информатички инженер, ја запроси саканата Елена Ангелес...
Игор Џамбазов: „Си ја проверував спермата додека бев со Илина, имам понуди од жени да ми родат дете“ „Мажот ми вели: „Со кучиња ли живееш, бе? Камо деца, бе, да правиш?“ Какова...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
Од семејните албуми на Ребека од ‘80-тите: „Татко ми ги развиваше фотографиите во кујната на јажиња ... „Мојот татко Благоја, црнобелите фотографии ги развиваше дома во кујната и тоа з...
Дечко од Скопје: „Бев во локал во Дебар Маало, 2 часа го слушав Игор Џамбазов - зошто ме восхити?“ Јас неретко знам да кажам: „Среќни сме што живееме во време на уметник и шоумен ...
Раскошната моминска забава на Јована од Свети Николе - со тема бисери и шампањ во вила во Охрид (фот... „Уште на пат до Охрид имавме персонализирани шишенца вода, а кога пристигнавме с...

Најчитани неделава