Прилепчани платија појадок на туристи кои немаа кеш, Србите јавно им се заблагодарија: „Ни ја вратија вербата во луѓето“

„Зедовме бурек, но изненадување - не примаат картички, а не ни текна ни да прашаме. Додека се распрашувавме каде има менувачница (секако не е блиску), ни пријдоа еден маж и момче кои појадуваа на масата до нас и ни го платија појадокот“ - вели Србинка, изненадена од потегот на двајца прилепчани. 

prilepchani-platija-pojadok-na-turisti-koi-nemaa-kesh-srbite-javno-im-se-zablagodarija-ni-ja-vratija-verbata-vo-lugjeto-01.jpg

Во Фејсбук групата „Грчка инфо“, каде корисници од целиот Балкан споделуваат свои искуства од летувањата и патувањата во Грција, каде што бараат совети, но и помош, осамна објава на српски туристи која ги топи срцата.

Извесна Надежда Ќортановиќ, откри дека било пријатно изненадена во Прилеп, кога маж и момче во пекарница платиле за нивниот бурек, зашто таа и луѓето со кои патувала, со себе немале кеш.

Во нејзината објава пишуваи:

„Убаво искуство од Прилеп. Се враќаме од Грција, па застанавме во пекарницата.

Ние тројца зедовме бурек, но изненадување - не примаат картички, а нам не ни текна ни да прашаме.

Додека се распрашувавме каде има менувачница (секако не е блиску), ни пријдоа еден маж и момче кои појадуваа на масата до нас, и ни го платија појадокот.

Не сакаа ни да слушнат да ни го дадат бројот на нивните сметки за да им префрлиме пари!

Значи, ако случајно се во групава, сакам уште еднаш да им се заблагодарам од срце и да им посакам сè најдобро во животот! Затоа што, ваквите луѓе ја враќаат вербата во луѓето!“

prilepchani-platija-pojadok-na-turisti-koi-nemaa-kesh-srbite-javno-im-se-zablagodarija-ni-ja-vratija-verbata-vo-lugjeto-02.jpg

Овој потег на двајцата прилепчани доби бројни пофалби од членовите на групата.

„Нашите браќа, Македонци“,

„Тоа е мојата Македонија“,

„Постојат такви прекрасни луѓе поради кои и јас се трудам да помогнам ако можам - малите гестови ја враќаат вербата во луѓето, а тоа е најважно“,

„Браво, има уште добри луѓе“, се дел од коментарите.

prilepchani-platija-pojadok-na-turisti-koi-nemaa-kesh-srbite-javno-im-se-zablagodarija-ni-ja-vratija-verbata-vo-lugjeto-03.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
„Отиде на забава, те вратија во ковчег – сега ти палиме свеќи“ – Емотивно писмо од мајката на Ивона ... „Денес, ќерко моја… повторно ќе дојдеме кај тебе. Денес правиме помен – една год...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Македонка се пожали дека маж ја нападнал на улица: „Ти не си за мајка, вака ли се шета дете?!“ „Излегува повозрасен човек од обложувалниците што се кај Палма, ме застанува и м...
Мајката на Андреј, кој загина во Кочани: „На телефонот што ни го вратија беше отворен контакт кон ме... „Минатата година, на денот на погребот, кога бев клекната да фрлам земја врз ков...
Наша актерка од МНТ искрено порачува: „Сакам луѓето во театар секогаш да дојдат дотерани“ „Па, секогаш сакам прво да дојдат дотерани. Значи, не одиме во тренерки во теата...

Најчитани неделава