Девојче од Србија ја пее „Црно и бело“ на плажа - Калиопи се воодушеви од нејзиниот талент (видео)
- Детали
- среда, 02 јули 2025
„Љубов“ ѝ напиша Калиопи во коментар, а кон комплиментите за пеењето на девојчето се придружија Тамара Тодевска и Жељко Самарџиќ.

Нашата поп-дива Калиопи Букле, очигледно има обожаватели од сите генерации.
Доказ за тоа е и девојчето Мила од Зрењанин, Србија, кое со прекрасен глас и многу емоции, на плажа на Хвар, ја испеа нејзината евровизиска песна „Црно и бело“.

Додека Мила пее, нејзиниот татко ја придружува на гитара, а луѓето околу нив се забавуваат и снимаат.
Едно видео објави и мајката на талентираното девојче на Инстаграм, и напиша дека ова е омилената песна на нејзината ќерка.

Видеото стигна и до Калиопи, која се воодушеви и направи „колаборација“ на видеото, па тоа сега може да се види и на нејзиниот Инстаграм.
„Љубов“ ѝ напиша Калиопи во коментар, а кон комплиментите за пеењето на девојчето се придружија Тамара Тодевска и Жељко Самарџиќ.

Освен видеото каде што ја пее „Црно и бело“, на Инстаграм профилот на мајката, само неколку дена претходно е споделено и клип на кој девојчето ја пее „Чија си“ од Тоше Проески.
Инаку, од профилот на мајката, може да се види дека цело семејство е голем фан на Калиопи, па освен што одат на нејзини концерти, пред неколку месеци имале можност да ја запознаат пејачката, а таа им пеела, гушната со нив:
Кликнете и погледнете ги видеата на кои Мила пее песни од Калиопи и Тоше:
А. Ј. | Црнобело